Актуелно

„Волмарт“ исплати половина милијарда евра бонуси

14 May 2020

Американскиот трговец „Волмарт“ на своите вработени им исплати 550 милиони долари бонуси во ек на пандемијата со коронавирус и најави дека ќе исплати и дополнителни 390 милиони долари. 

Тие ќе бидат распределени во износи од по 300 долари за работниците со полно работно време и по 150 долари за привремените работници и за оние со скратено работно време. Бонусите ќе бидат поделени на 25 јуни. 

Нашите вработени и понатаму работат извонредна работа и важно е да ги цениме и да ги наградуваме, изјави Џон Фурнер, претседател и извршен директор на „Волмарт“. 

Компанијата вработи над 150.000 нови соработници за помалку од еден месец и се обврза дека ќе има уште 50.000 вработувања во најскоро време. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...