Како дел од нивната иницијатива за одржливост Danes za jutri (Денес за утре), „Хофер“ – Словенија веќе неколку години ја намалува амбалажата, а го почна и проектот за ласерско означување на овошјето и зеленчукот.
Трговецот има стратешка цел за решавање на проблемот со пакувањата и цели кон намалување на амбалажата, а еден од примерите е присутен и во нивните производи од сопствената приватна марка Natur Aktiv.
За таа цел „Хофер“ во Словенија почна со користење на ласерско означување на овошјето и зеленчукот. Ласерската ознака се пишува директно на нивната кора, така што не е потребно дополнително пакување, соопштија од компанијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.