Гостин-воведничар: Славчо Јорданов, сопствник и директор на КИМ
Трговскиот сектор во последните години се соочува со брзи и радикални промени. Куповните навики на потрошувачите постојано се менуваат, како и околностите и во регионот и во Македонија. Потрошувачите како центар на нашето работење ни поставуваат сè поголеми предизвици во работењето. Купувачите денес, наспроти недостигот на време, се подготвени да ја најдат најповолната понуда, сè додека имаат чувство дека добиле најмногу за своите пари. Променетиот начин на живеење, недостигот на слободно време и сè поголемата грижа за сопственото здравје дополнително влијаат врз куповните навики на потрошувачите.
Од друга страна, сè поголеми се промените од страна на трговците во однос на поголемата инвазија на ширење на мрежата на супермаркети, што дополнително паѓа на товар на доставувачите. Дополнително, повеќе растат и цените на суровините, енергентите, платите... Увозната конкуренција од соседните земји се интензивира, а голема е склоноста на потрошувачите за купување увезени брендови. За жал, и иселувањето продолжува.
И крајните потрошувачи и малопродажбата имаат барања во толкава мера што не ни оставаат можност долго да расправаме за оправданоста на дадените промени, без разлика дали тоа ни се допаѓало или не.
Без оглед на тоа колку е сурова економската и социјална ситуација, има барем една светла страна. Потрошувачите, и крајните потрошувачи и малопродажбата, имаат барања во толкава мера што не ни оставаат можност долго да расправаме за оправданоста на дадените промени, без разлика дали тоа ни се допаѓало или не. Како резултат на тоа, веќе се случуваат промени во поглед на цените, што неминовно ќе се одрази врз маржите на производителите и на трговците, така што се очекува нивно намалување.
И покрај притисоците од пазарот за намалување на цените, како производител ценовната конкурентност ќе ја обезбедиме со инвестирање во автоматизација на производството. Крајните потрошувачи се тие со кои градиме успешна приказна. И кога станува збор за квалитетот на производите, не правиме компромис. Нашиот начин за континуиран и одржлив пораст и развој го реализираме преку: зголемување на портфолиото, воведување различни пакувања, нови вкусови, ценовна достапност, а притоа постојано водејќи грижа за потрошувачите. Предизвик годинава е лансирањето нови производи од категоријата здрава храна. Станува збор за добро познатите Smoothie, и тоа во пет комбинации на овошја.
За крај, сметам дека трговците треба да бидат попартнерски настроени кон домашните производители кои вработуваат локално население, кои ги трошат нивните пари во нивните маркети. А за производителите на прехранбени производи - произведувајте производи кои и самите ќе ги консумирате.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.