Актуелно

Ајхан Узун: Понуда во вистинско време со најдобра предност

14 Nov 2018

Гостин-воведничар: Ајхан Узун, генерален менаџер на „Рамстор“

Секој потрошувач при купувањето сака да ја добие најдобрата цена, најквалитетниот производ, најлесното, забавно, уникатно искуство во купувањето. Лојалноста кон брендот е секако многу битен елемент, но денес, подемите и падовите на економијата ги поттикнуваат потрошувачите да го прошират својот репертоар на брендови. Всушност, тоа што се купува е чувството, смислата, навиката, вкусот, мирисот, текстурата, односно оригиналноста на производите. Затоа, секој бренд што е уникатен може да си најде свое место на пазарот. Оваа ситуација е потешка за трговците на мало, како што сме ние, кои на полиците не нудат брендиран производ, туку услуга и искуство. Иако на нашите полици имаме свои брендирани производи, ние сме бренд познат по разновидноста што ја нуди. Знаеме дека нашите клиенти се верни најпрвин на сопствените интереси и во таа насока обезбедуваме искуство базирано на нивните интереси, желби. Знаеме дека ние сме должни да ги собереме сите „нај“ на едно место, придавајќи ѝ големо значење на лојалноста на нашите клиенти.

Во поглед на програмите за лојалност, тие се ефикасни онолку колку што е нивната компетентност. Иако програмата што нуди попусти или поени е најважната сила на паметното купување, неопходно е да се знае мотивацијата на купувачот за брендот и да му биде посветено посебно внимание, односно вистинска емоционална врска воспоставена преку лична комуникација/искуство. Она што е важно е да се понуди вистинскиот производ или услуга во вистинско време со најдобра предност. Програмите за лојалност можат да бидат вистински асистент/пријател преку вистинската структура на податоци, одржлив проток на информации и моќен пристап до податоците. Кој може да му каже не на шопинг-асистент кој го олеснува животот и помага во паметниот шопинг. Ова не значи дека картичките што нудат попуст и бонус-поени не се лојални, но како што расте вредноста која програмата за лојалност ја додава кон животот на купувачот, така расте и вештината за приврзување поради неговата компетенција.

Програмaтa за лојалност во Турција постои повеќе од 20 години и досега одговорила на сите маркетинг-пристапи, научила и ја добила денешната форма. Програмата е позната како Money Club и обезбедува четири основни придобивки: попусти, стекнување поени, соработка со другите брендови и на врвот, ги запознава нашите клиенти и може да им понуди услуги соодветни на нивните пазарувања.

За крај, можам да кажам дека нашиот клиент е во нашиот фокус, а нашите вработени се нашата најголема вредност. Знаејќи дека нашите клиенти го заслужуваат најдоброто, напорно работиме во насока на производот, услугата и на цената. Инвестицијата во програмата за лојалност не е само една техничка инвестиција, туку инвестиција во искуството на купувачите и сфаќањето за услугите. Програмата за лојалност ја разработуваат системи, меѓутоа, луѓето се оние што ѝ даваат живот. Затоа, би било корисно да ги потсетиме компаниите кои сакаат да почнат со ова дека да се има програма за лојалност, подразбира да се има гледна точка од 360 степени од страна на сите тимови.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...