Актуелно

Ѓорѓи Тренев: Две децении во винскиот свет

15 Oct 2018

Гостин-воведничар: Ѓорѓи Тренев, директор на винарија „Бовин“

Оваа година е посебна за винаријата „Бовин“ поради многу работи. Станува збор за јубилејна 20-та година од почнувањето со работа, а вранецот Бовин My Way 2011 беше прогласен за едно од најдобрите црвени вина во светот освојувајќи го највисокото златно признание на интернационален вински натпревар во Њујорк. Уште поважно, успеавме 20 години да останеме лојални на нашите принципи: беспрекорност во квалитетот, највисоки производни стандарди и општествена одговорност.

Но, не беше лесно! Од 1998 година „Бовин“ го следи сопствениот пат на производство на висококвалитетни вина. Во услови на ограничена куповна моќ, економски кризи, при постоење на голем број компании, потребно е да се издвоите според квалитетот на производите. Потребно е постојано да се создава нешто ново, што ќе ве разликува и во  производството, што и за нас беше предизвик од почетокот. Тоа нè мотивираше секогаш да се трудиме да бидеме подобри... Затоа, постојано сме во нашите лозови насади, истражуваме, тестираме, се едуцираме за светските трендови, посетуваме реномирани саеми, макотрпно работиме со цел да креираме нешто ново, вино со уникатен вкус.

Фокусирани сме исклучиво на квалитетот. Ги имаме сите предиспозиции за тоа: врвна суровина за производство на вина, искусен и едуциран кадар, квалитетна технологија, посветени и лојални вработени, менаџмент и сопственици со визија за идниот развој. Тоа придонесе над 65% од нашето производството да се најде во 37 различни држави, на 5 континенти. 

Во иднина, целта ќе ни биде да продолжиме да ја развиваме винската култура во нашата земја, да креираме премиум македонски вина кои ќе се бараат на светските пазари. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...