Актуелно

InStore: FMCG Summit 2017 – трговски настан на годината!

15 May 2017

Воведничар: Тимот на InStore

По неколкумесечни подготовки, секојдневна комуникација со говорниците и со учесниците, трчање околу организацијата, мислење и средување на секој можен детаљ, конечно се случи – третиот FMCG Summit Скопје 2017.

Еден ден по самитот... Импресиите се сè уште свежи, одѕвонуваат коментарите и разговорите, фрчат меилови со пофалби, а ние брзаме да го средиме мајскиот број на InStore и во него да ја пренесеме целата атмосфера.

На неколкуте страници во магазинот ќе прочитате кои беа говорниците, кои беа поентите на нивните презентации, кои беа заклучоците од тркалезната маса, ќе погледнете фотографии од сцената, од учесниците, од атмосферата за време на презентациите, на паузата, на ручекот, на тркалезната маса... Ќе ѕирнете во сето она што се случуваше на 11 мај во Скопје.

Тоа што не можеме преку слика и текст да го пренесеме е споделената енергија на самитот, воодушевеноста од предавачите, бројните прашања од публиката и пренесената регионална синергија и моќ на InStore. Се споделија искуства од целиот регион, па и пошироко, се разменуваа мислења и коментари, дел – во салата на самитот, а уште поголем дел низ ходниците, во фоајето и пред влезот на „Александар палас“... Се разговараше за примената на новите информации, за добрите практики, за успешните стратегии... Задоволството што во текот на целиот настан го гледавме на лицата на сите што бевте присутни е непроценливо – тоа е највредното нешто за нас, што ни кажува дека сме на вистинскиот пат и дека FMCG-самитот со гордост продолжува да ја носи етикетата „трговски настан на годината“.

Среќни сме што со FMCG-самитот успеавме на дело да покажеме дека регионалната сила на InStore е голема. Дека нашата мрежа на соработници, FMCG-експерти и професионалци кои секојдневно работат во секторот, а пишувале или на некој друг начин придонеле за квалитетот на нашиот магазин, е навистина голема, квалитетна и во неа лежи нашата сила која влече напред. InStore останува  да биде моторот што ќе придвижува кон позитивни промени во секторот. Затоа што таква е нашата визија и тоа е нашата мисија.

Се гледаме на следниот, четврти FMCG-самит – следната година, на исто место и во исто време.

Со почит, Тимот на InStore



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...