Актуелно

Виктор Павлов: Синоним за остварениот сон

22 Oct 2014

Гостин-воведничар: Виктор Павлов, косопственик на „Чеза комерц“

Трговијата со повеќе од 52 држави е нашиот мотор, добриот рејтинг е нашата сила, а задоволството на купувачите е наш двигател.

Уште во далечната 1986 година го почнавме семејниот бизнис со компанијата „Чеза“, што во 1990 година беше преименувана во сегашното име „Чеза комерц“. Со текот на годините динамично чекоревме и поминавме низ бројни турбуленции, а придобивките што ги стекнавме (знаење, искуство и внимателност) ги употребивме за удирање на темелите на она што следуваше подоцна.

Се подготвувавме за нашиот следен чекор – прераснување на семејниот бизнис во сериозна компанија на светско ниво. Пионерот во светската трговија почна да ги користи придобивките од наученото и високо да се издигнува на мапата на сигурни партнери во регионот. Сертификатот „Екселенс“, првата награда за најуспешно спроведена практика во деловното работење и големиот број признанија од меѓународни и домашни институции се само верификација за нашата пожртвуваност на долгиот пат.

Впрочем, ние бевме и амбасадори – нашите пасоши беа меѓу првите во системот на контрола ширум светот. Со секој изминат ден станувавме сè попрепознатливи како партнер со квалитети и знаења што се достојни за почит.

Почнувајќи од домашната адреса, денес средиштето на фирмата се состои од деловни објекти што се простираат на 15.000 квадратни метри и деловни придружници низ целата територија на Македонија. Компанијата е горда со своите стотина вработени и се надеваме дека нивниот број наскоро ќе биде премал за следните големи проекти.

Следниот потег е светот повторно да нè запознае, но овој пат преку нашите сопствени брендови Nutini и Kibela. Со Nutini го достигнавме врвот во зрнестата палета на производи со одличен квалитет и совршен дизајн, а економична цена за кратко време го освои домашниот пазар. Поддршката од потрошувачите беше најзаслужна за експанзијата на брендот на повеќе од 30 производи и постојаната тенденција кон зголемување. Асортиманот на Kibela е наменет за најпребирливите гурмани, преку палетата на производи со економични секојдневни продукти и зачини. Ова е единствениот бренд што уште од почетокот се грижеше за здравјето на своите потрошувачи и производите ги пласираше вакумирани.

Компанијата „Чеза комерц“ била и останува иноватор во своето дејствување. Да се биде пред конкуренцијата секогаш не е олеснителна околност, туку носи и дополнителни предизвици, но веќе 30 години сме сведоци дека тоа е цената на успехот и се надеваме дека ова е само почетокот на тоа што допрва следува.

Секој човек ја има привилегијата да сонува, но остварувањето на сопствените сништа значи силна верба и победа во моментите кога и најупорниот се откажува.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...