Гостин-воведничар: Ансгар Борнеман, регионален директор, „Нестле Адриатик“
Сведоци сме на времето во кое многу индустрии се сретнуваат со тешкотии во бројни сегменти во работењето. Иако побарувачката во индустријата FMCG е релативно нееластична, ние и понатаму треба да се приспособуваме на пазарните движења, постојано да ги слушаме потребите на потрошувачите и да повлекуваме соодветни потези што ќе ни овозможат пораст и профитабилност. Поради тоа, важно е да се одржи глобалната перспектива, дури и во тешките услови на работењето. Нашата компанија претставува синоним за највисоки стандарди на квалитет и добри производи што ги задоволуваат различните потреби и тоа е она што треба да продолжиме да им го нудиме на потрошувачите.
Слушањето на потребите на потрошувачите на локалните пазари, излегување во пресрет на потребите и приспособувањето на глобалните иновации на локалните вкусови и наклонетост се неколку од нашите мисии. Покрај тоа, сите наши глобални стратегии се насоки што ни овозможуваат да одговориме на специфичните барања на секој пазар на најадекватен начин. Свесни сме дека нашата позиција на пазарот не ни носи само можности туку и одговорности што ги прифаќаме и тоа е начин на кој работиме во „Нестле“ речиси 150 години.
Регионот на поранешна Југославија, со сите свои специфичности, не може да се набљудува како затворен систем, имајќи ги предвид влијанијата на еврозоната, како и фактот дека надминувањето на кризата во регионот суштински е поврзано со закрепнувањето на европската економија.
Меѓутоа, иако регионот е во рецесија и стагнира речиси пет години, сè уште имаме големи очекувања во поглед на неговиот потенцијал и правиме долгорочни планови во работењето. Факт е дека „Нестле“ со работа во овој регион почна пред осум години, со околу 50 вработени, а сега вработува околу 1.000 стручни лица, што само ја потврдува нашата посветеност на овој пазар.
Макроекономската околина во моментов не е доволно стимулативна за работење, додека новите тенденции на пазарот бараат донесување на вистинските работни одлуки, што честопати може да биде голем предизвик. Ваквата ситуација бара отвореност за нови работни тактики, љубопитност и претприемачки дух за навреме да се согледаат и да се искористат потенцијалните можности.
Ние потполно мораме да ги разбереме очекувањата на потрошувачите и да ја градиме нивната доверба, воедно создавајќи и корист за локалното општество во кое работиме. Наспроти мрачните глобални финансиски прогнози за наредната година, уверени сме дека овој регион има потенцијал да биде генератор на порастот што ѝ потребен на Европа.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.