Актуелно

InStore: Заедно до подобра 2013-та!

11 Feb 2013

Воведничар: Тимот на InStore

Зад нас оставивме уште една година, година на предизвици, тешкотии, криза, неизвесности... Наместо да стравуваме дали овие елементи ќе се провлечат и годинава, најубаво би било да сметаме дека тие заминале заедно со годината што одмина. Да, можеби е тешко време, нè очекуваат локални избори, меѓународната заедница има слаби економски предвидувања за пораст на БДП, а кризата во Европа од ден на ден станува сè понеизвесна, но сепак не треба да се предадеме и да размислуваме што би правеле ако... Наместо тоа, ајде заедно многу повеќе да се посветиме на работата, на позитивната енергија, на инвестициите во компаниите, во себеси... Оваа година нека биде година на предизвици, на исплатливи ризици, година на борба за пораст на профитот. Ајде да й пркосиме на кризата, бидејќи ниту еден бизнис не може да биде неуспешен ако доволно напорно и посветено се работи на неговиот успех.

Ние и годинава продолжуваме да ја применуваме нашата успешна формула: тимска, светски и регионални трендови, претставување на длабински анализи, препораки, истражувања... Годинава ќе се обидеме да бидеме уште потемелни во претставувањето на содржините битни за вас и за вашето работење. Ќе се обидеме редовно да ви ја претставуваме регионална слика на индустријата, а ќе пренесуваме и лекции научени од светските водечки играчи во секторот за стока за широка потрошувачка. И сето тоа само за вас.

Потребно е, како досега, така и во иднина, неизмерно да ја имаме вашата соработка, зашто само со истакнување на позитивните и негативните трендови во индустријата можеме да изградиме вистинска слика за реалните случувања во индустријата. Ние постоиме за вас, па ајде заедно да го направиме секторот за стока за широка потрошувачка сектор што ветува блескава иднина!

Со почит, Тимот на InStore!



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...