Трендовите во трговијата во Македонија што ги следат и македонските трговски синџири водат кон поголема понуда, поквалитетна услуга и поголеми придобивки за потрошувачите
Автор: Оливер Гичевски, консултант
Експанзија на ЛКА
Од друга страна, КА отвораат т.н. convenience stores (помал продажен објект со потесен асортиман).
Македонија го следи трендот на експанзија на хард-дисконти
Според Глобалното истражување на Еуромонитор за 2018 година, во светот се очекува зголемување на бројот на отворени хард-дисконти, но и експанзија на т.н. социјални продавници. Во светски рамки „Теско" најави отворање на хард-дисконти; „Лидл" има огромна експанзија - најави отворање на 60 продавници годишно во Велика Британија, а по случувањата со „Агрокор", бележи одлични резултати и во Хрватска. Македонија е една од ретките земји во кои не се присутни најголемите европски познати синџири на дисконти како споменатите, што можеби се должи на цврстата позиција и успешниот концепт на „Кам" и „Стокомак", големата експанзија на „Киппер". Воедно, сведоци сме и на влегувањето на „Зур маркети" во овој сегмент со отворањето на „Дим маркет".
Во светски рамки сè повеќе се чувствува борбата меѓу КА, ЛКА и хард-дисконтите во поглед на цените. „Волмарт" веќе најави приспособување на цените на клучните артикли според цените на „Лидл". Кај нас, КА посветуваат внимание на лојалните програми (би ја издвоил како особено успешна на „Рамстор") не само како начин за задржување на купувачите туку и како значаен извор на податоци. Скенирањето на потрошувачките навики преку картичките за лојалност придонесува за приспособување на понудата во продажните објекти, избор на вистински формат на продажен објект, т.е. поголема вредност за купувачот и оптимизација на трошоците кај продавачот.
Во споменатото глобално истражување, „Еуромонитор интернационал" предвидува дека интернет-продажбата, во светски рамки, ќе се зголеми за 13% во 2018 година.
Ме радуваат обидите за заживување на интернет-продажбата и што македонските трговци одговараат и на овој тренд. Претходно „СП маркет" имаше своја интернет-продавница, а денес функционираат таа на „Рептил" и интернет-продавницата „Пакет", која е во соработка со „Зур", а и „Тинекс" најавија нивна интернет-продавница
Прифаќањето на интернет-набавката ќе ги промени потрошувачките навики засекогаш.
Трендовите во трговијата со стока за широка потрошувачка во Македонија што ги следат и македонските трговски синџири водат кон поголема понуда, поквалитетна услуга (вклучувајќи и иновации карактеристични за поразвиените пазари) и поголеми користи за потрошувачите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.