Актуелно

Јанинка Чупаркоска: Негување на вистинските вредности

14 Mar 2018

Гостин-воведничар: Јанинка Чупаркоска, генерален менаџер на „Кожувчанка"

Иако сме мал пазар, предизвикот и комплексноста на дејствување во него се многу големи. Од ден на ден сè повеќе се зголемува конкуренцијата, се намалува профитабилноста и се зголемуваат трошоците. Секоја дополнително продадена единица е многу важна.
 
Минатата 2017 година беше успешна за нас и покрај низата турбуленции што ни ги приреди, што на политички, што на економски план. Истовремено ни даде и голем повод за размислување каде сме и каде се гледаме во иднина, при што сега, од оваа перспектива, визијата ни е сосема јасна – зголемување на пазарното учество преку новитети на пазарот или нови формулации на пазарно учество.

Иновациите, новитетите и флексибилноста на производите се главните адути што периодов треба да се имаат на располагање. Иновациите ни овозможуваат полесен начин на функционирање, новитетите ќе нè направат константни, додека за да не се изгуби во играта на ситуација во која КА ја затвораат малопродажбата, а првите се придвижуваат кон практиките на европските и светските трговски синџири, мора да бидеме максимално флексибилни. Мораме задолжително да се ставиме во улога на крајниот потрошувач при донесување какви било одлуки, при што да се земе предвид целото опкружување е една од најважните карактеристики што секоја компанија треба да ги поседува. Притоа не треба да се изостави и коминтентот кој во таа борба на конкурентност само ја игра улогата на посредник.

„Кожувчанка", како лидер на пазарот во повеќе категории, и годинава ќе продолжи во насока на негување на вистинските вредности на производите што ги има, како и негување на вредностите во општеството во целост. Еколошкиот аспект, иновациите и новитетите, и годинава ќе бидат на врвот на листата со приоритети.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...