Добрата понуда, попустите, подароците и, секако, цената влијаат врз потрошувачите кои можат да избираат од сè поголемиот број промотивни активности на FMCG-продавниците. 90% од сите промотивни понуди во летоците спаѓаат во прехранбениот и непрехранбениот сегмент 1 (козметика, средства за чистење во домот...).
Автор: Мелани Ципот, директор за продажба за Србија, Словенија, Македонија, Црна Гора и БиХ, „Фокус рисрч“
Во изминатиот период, поради високата инфлација и поскапувањата, промоциите станаа поактуелни за потрошувачите од кога било претходно. Во Северна Македонија, во првите четири месеци од 2024 година, забележавме 38.000 малопродажни промотивни понуди во FMCG-летоците. За магазинот InStore, конкретно за специјалното издание „Мапа на трговци“, подготвивме преглед на огласување во дигитални/печатени летоци.
„Фокус рисрч“ е една од водечките агенции во Европа која се занимава со истражување на пазарот и консалтинг. На своите клиенти веќе 30 години им обезбедува податоци, системски и софтверски решенија за обработка на податоци во 35 европски земји.
Се зголеми ли бројот на објави во летоците?
Добрата понуда, попустите, подароците и, секако, цената влијаат врз потрошувачите кои можат да избираат од сè поголемиот број промотивни активности на FMCG-продавниците. Годинава во периодот од јануари до април забележавме пораст на бројот на објави за 12% во споредба со истиот период од претходната година. На неделно ниво, потрошувачите можат да собираат информации во летоците просечно меѓу 2.100 огласи. Повеќе на графикон 1.
Удел на главните сегменти
Според анализата на уделот на главните сегменти (графикон 2), се забележува дека 90% од сите промотивни понуди во летоците спаѓаат во прехранбениот и непрехранбениот сегмент 1 (козметика, средства за чистење во домот...). Само 10% од објавите се од непрехранбениот сегмент 2 (текстил, сè за дома и градина, електрични апарати). Од јануари до април оваа година имало повеќе од 25.000 објави во прехранбениот сегмент, во непрехранбениот сегмент 1 имало повеќе од 8.300 објави и 3.900 објави во непрехранбениот сегмент 2. Во изминатите 5 години непрехранбениот сегмент 1 изгуби најголем удел од објавите, а прехранбениот сегмент придоби најмногу.
Најогласуваните категории во летоците
Во прехранбениот сегмент ги споредивме најдобрите 12 огласувани категории според бројот на објави, во споредба со истиот период минатата година (графикон 3). Веќе неколку години најчесто огласуваната категорија, со повеќе од 5.000 објави во првите 4 месеци, е слатки и грицки, која бележи зголемување на бројот на објави за 23%. На второто место според бројот на објави е категоријата месо и месни производи со 5% повеќе објави, а на трето е смрзнатата храна, која има најголем скок во споредба со првите 4 месеци од 2023 година. Зголемување на бројот на објави за повеќе од 30% е забележано и во категоријата алкохолни пијалаци.
Во првите 4 месеци во непрехранбениот сегмент 1 со најмногу објави - 1.100 и годинава останува категоријата средства за перење алишта и во споредба со истиот период од 2023 година бележи пораст од 40%. Лани оваа категорија забележа намалување на бројот на објави за 23% во споредба со 2022 година. Истото важи и за втората најсилна категорија според бројот на објави - средства за чистење, која исто така бележи пораст на бројот на објави годинава во споредба со 2023 година. Меѓу најогласуваните категории, зголемување на бројот на објави за повеќе од 30% забележаа категориите нега на кожа за 34% и средства за миење садови за 33%. Повеќе на графикон 4.
Производителите во лифлетите
Зад многубројните објави стојат најголемите домашни и странски доставувачи. Топ-15 производители во прехранбениот и непрехранбениот сегмент 1 го зголемуваат бројот на објави во летоците за речиси 20% во периодот од јануари до април 2024 година. Споредено со истиот период од претходната година, топ-15 компании имаат удел од речиси 25% од вкупниот број на сите објави во кои беа огласени повеќе од 1.400 различни производители. На првото место со својот шаренолик асортиман на производи е „Нестле“ со повеќе од 850 објави, а во последните 4 месеци го зголеми бројот на објави за 4%. На второто место е „Проктер & Гембл“ со 15% повеќе објави, потоа „Подравка“ и „Хенкел“ со 11% повеќе објави. Најголем пораст на бројот на објави бележи „Пекабеско“ и тоа 109%, како и „Марс“ и „Пепсико“. Повеќе на графикон 5.
Приватни трговски марки VS брендови
Приватните брендови со својот удел во промоциите и понатаму остануваат на најниско ниво во Северна Македонија. Само нијанса повеќе во првите 4 месеци од 2024 година отколку во истиот период од претходната година, тој удел изнесува само 3%. Во првите 4 месеци имало само 992 објави. Споредено со пазарите во регионот, ова ниско учество е и причина што во преостанатиот дел од регионот има повеќе дисконтери кои се исклучително силни со приватните трговски марки и ги туркаат другите трговци да го зголемат уделот на сопствените брендови. Повеќе на графикон 6.
„Фокус рисрч“ е една од водечките агенции во Европа што се занимава со анализирање на пазарот и советување. На своите клиенти повеќе од 25 години во 35 европски земји им проследува податоци, системски и програмски решенија за обработка на податоци.
Контакт: Мелани Ципот директор за продажба за Србија, Словенија, Македонија, Црна Гора и БиХ Е-пошта: m.cipot@focusmr.com; Телефон: +386 41 741 349; +381 61 135 012
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.