Актуелно

Мапирајте се во специјалните изданија на InStore за 2023

21 Jun 2023

Тимот на InStore 

Колку и да му се радувате на летото и на годишните одмори, верувамe дека со еден дел од мислите сте преокупирани со проектите што треба да ги почнете или да ги завршите во последниот квартал од годинава. Треба со време да се почнат подготовките, не залудно се вели дека добрата подготовка е половина завршена работа.

И ние во InStore го сакаме летото, и плажите, и морето... сепак со „полна пареа“ ги подготвуваме новите специјални изданија „Мапа на трговци“ и „Мапа на дистрибутери“ (минатогодишните изданија можете да ги видите тука). Како и секоја година, изданијата ќе бидат богати со InStore анализи за работата на трговците, дистрибутерите и логистичарите, анализи од истражувачки агенции од Македонија, од регионот и од светот, совети, трендови... Повторно ќе ги мапираме најдобрите според нивното финансиско работење... Специјалните изданија ќе бидат на вашите бироа на средината од јули, за со нивна помош да можете да донесете некои нови и ефективни бизнис-одлуки.

Комуникацијата со трговските синџири од година на година е сè подобра и полесна. Ви благодариме што го препознавте нашиот амбициозен ангажман да понудиме нешто ново на пазарот и што го поддржувате проектот четврта година по ред.

Со полна пареа го подготвуваме и 9.FMCG SUMMIT во Скопје, кој ќе се одржи на 26 октомври. Минатогодишниот беше најголем и најпосетен – повеќе од 400 учесници од најголемите компании од секторот трговија со стока за широка потрошувачка во земјава. Ова навистина ни дава уште поголема сила, со уште поголем ентузијазам да работиме на програмата и на сцената во „Александар палас“ да ги слушнете најдобрите говорници! Целта ни е преку инспиративни говорници да слушнете и да научите за најновите трендови, но и предизвици од индустријата. Сакаме повторно да ве инспирираме да го подобрите и да го олесните работењето, а вмрежувањето на овие настани секогаш е очекувано и добредојдено. Всушност, во тоа е и убавината на ваквите настани, да ги обновите или да пронајдете нови познанства. Луѓето се тие што нè збогатуваат, а уште на тоа кога ќе се надоврзат знаењето и желбата за учење, на успехот му нема крај.

Тимот на InStore постојано ги следи трендовите, постојано нуди нови теми и содржини, обработува теми со кои секојдневно се соочувате, секогаш обидувајќи се да најдеме решенија за подобар бизнис. А континуираното учење, податоците и анализите секогаш се најдобрите опции за сопствен и за развој на компаниите.

За дистрибутерите: Искористете ја можноста! Претставете ја вашата компанија во Мапа на дистрибутери на нашиот пазар. Вклучете се со информации и со корпоративен оглас за вашата компанија и не пропуштајте ја приликата за претставување пред целокупниот FMCG-сектор.

За трговците: Вклучете се со информации и со корпоративен оглас за вашата компанија!. Не пропуштајте ја можноста да се претставите пред целокупниот FMCG-сектор.

Контакт:

Звездан Митровски 

тел. 070 37 52 20

e-mail: zvezdan@instore.mk или info@instore.mk 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...