„Кока-кола ХБЦ“ денеска објави дека склучила договор да го преземе брендот вотка Finlandia.
Бидејќи веќе 17 години сме поврзани со дистрибуцијата на Finlandia на неколку пазари, возбудени сме поради оваа единствена и регионално релевантна можност која ќе го поддржи и забрза развојот на нашето работење на повеќе пазари, изјави Зоран Богдановиќ, генерален директор на „Кока-кола ХБЦ“.
Производител на вотката Finlandia, според договорот што важи до 2035 година, е „Анора група“ која ќе го продолжи производството во соработка со „Кока-кола ХБЦ“.
Вотката Finlandia е важен дел од историјата и наследството на „Анора“, прво, како сопственик на брендот, а потоа и како производител за глобалниот пазар. Се радуваме на продолжувањето и на продлабочувањето на стратешкото партнерство со „Кока -кола ХБЦ“, соопштија од „Анора“.
Аквизицијата подлежи на одобрување на регулаторното тело и другите вообичаени услови за заклучување на договорот.
Извор: esmmagazine
Фото: Finlandia
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.