Актуелно

„Нелт СТ“ почна да ги дистрибуира производите на фабриката „Чипс веј“

05 Apr 2023

„Нелт СТ“, како членка на „Нелт група“ во Македонија, од 1 април почна да врши дистрибуција и логистика на целото портфолио на компанијата „Чипс веј“ (Chips Way) со нивните познати брендови на солени грицки. Со ова партнерство македонскиот пазар ќе има можност за прв пат да ги запознае сите производи на оваа компанија.

Македонија е еден од најважните извозни пазари за „Чипс веи“, каде чипсот е еден од најпродаваните производи во својата категорија. За останатите производи од нивното портфолио, овој пазар ќе биде во фокусот со зголемување на присуството на целиот асортиман на полиците во малопродажба.

Започнуваме соработка на обострано задоволство. Наша заедничка цел е да го дистрибуираме целото портфолио на  „Чипс веј“ и да го зголемиме бизнисот во Северна Македонија. Ова е голем предизвик за нас, но и привилегија, изјави Сашко Блажевски, извршен директор на „Нелт СТ“

По повод почетокот на соработката, во Скопје се одржаа настан на кои тимовите на „Нелт СТ“ и на „Чипс веј“ го презентираа продажниот асортиман и заедничките планови за освојување на пазарот.

Соработката со „Нелт“ во Македонија беше една од нашите клучни цели за 2023 година. Особено ни е драго што со ова партнерство за прв пат ќе ги претставиме сите производи од нашето портфолио. Сакаме категориите флипс и пуканки да ги постигнат истите резултати како како што ги имаме со чипсот, истакна Лука Јовановиќ, генерален директор на компанијата  „Чипс веј“. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...