Два од најголемите трговски синџири во САД – „Крогер“ и „Албертсонс“ објавија план за спојување.
Договорот од 25 милијарди долари ќе креира компанија со речиси 5.000 продавници во 48 сојузни држави и продажба повисока од 200 милијарди долари. Доколку договорот добие дозвола од регулаторните тела, тоа би била една од најголемите аквизиции во историјата на малопродажбата во САД.
Според инвестициската банка „Морган Стенли“, новата компанија би станала втора по големина на малопродажниот пазар, со пазарен удел од 13,5 отсто. Првиот малопродажен трговец во САД е „Волмарт“ со пазарен удел од 15,5 отсто.
Асортиманот приватни марки на „Крогер“ се состои од повеќе од 10.000 производи, вклучувајќи ги Big K и Simple Truth, а „Албертсонс“ има повеќе од 14.000 сопствени брендови, меѓу кои O Organics, Signature и Value Corner. Заедничката годишна продажба на приватни трговски марки на „Крогер“ и „Албертсонс“ изнесува 43 милијарди долари.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.