Актуелно

Мапирајте се во новите специјални изданија

15 Jun 2022

По големиот интерес, бројните позитивни коментари и поддршката од партнерите, InStore ви го најавува третото издание на Мапа на трговци и второто издание на Мапа на дистрибутери, пионерски проекти што ќе бидат на вашите бироа на средината од јули.

Мапа на трговци ја прикажува комплетната слика на малопродажниот сектор во земјава, преку поединечно претставување на трговците низ повеќе параметри, со информации за нив и дополнителни анализи за нивното работење од истражувачки агенции од Македонија, регионот и од светот. Ќе ја прочитате анализата на InStore за малопродажбата на македонскиот пазар, анализа на сегментот трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, состојбата и развојот на е-трговијата во Македонија, мапа на топ-15 компании според приходи од продажба на производи во 2021 година, совети, трендови, предизвици и уште многу други содржини.

Мапа на дистрибутери е задолжително четиво со информации и анализи за работењето на дистрибутерите. Ќе бидат објавени релевантни анализи на пазарот – дистрибутивни компании според големина и регионална покриеност, приходи, број на вработени... Освен анализа на дистрибуцијата на македонскиот пазар и мапа на топ-15 компании според приходи од продажба на производи во 2021 година, во изданието ќе може да прочитате и содржини – актуелности, трендови и нови технологии – поврзани со регионалната и светската дистрибутивна и логистичка сцена.

Не пропуштајте ја можноста да се претставите пред целокупниот FMCG-сектор – вклучете се со информации и со корпоративен оглас за вашата компанија.

Повеќе информации за проектите побарајте на:

Срме Серафимовска, srme@instore.mk

Мери Каталиниќ, meri@instore.mk

Со еден клик разгледајте ги претходните изданија на Мапа на трговци и Мапа на дистрибутери!



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...