Главните активности на СИЗ ЛКА се увоз, развој на приватни трговски марки, заеднички преговори со домашни доставувачи и заеднички маркетинг.
Посебното трговско друштво – стопанската интересна заедница ЛКА (Local key account group), кое е управувано од директори и менаџери на локални синџири маркети на национално ниво, постои повеќе од една година. Стопанската интересна заедница ЛКА (СИЗ ЛКА) официјално е формирана на 4 јануари 2021 година од страна на локалните клучни купувачи.
Основачи на здружението се „Атва“ – Кичево, „Елида“ – Куманово, „Монтенегро“ – Гостивар, „МКБ Миса“ – Струга, „Тамаро“ – Охрид и „Ангромаркетинг“ – Битола. Од март минатата година вклучени се и нови членки: „Астра“ – Свети Николе, „Оаза“ – Тетово и „Црвена ружа“ – Струмица, а од годинава членка е уште една фирма, и тоа „Рептил“ – Скопје, откако ги презеде шесте маркети од виничката компанија „Макпрогрес“.
Иницијативата за ова здружение беше од страна на „Монтенегро“ и „Атва“, а главен поттик за ваков чекор е окрупнување и обединување на локалните синџири за подобро заедничко функционирање. Можеби и претходно имало обиди за здружување, но ова е првата посериозна иницијатива, изјави за InStore Александар Илиев, претседател на СИЗ ЛКА. Тој додава: Здружението е отворено за прием на нови членки, но секако тие треба да ги исполнуваат условите што се дефинирани во нашиот Статут.
СИЗ ЛКА е посебно трговско друштво, кое е управувано од претседател и има Управен одбор од 6 (шест) члена, кој е составен од претставници од основачите. Управниот одбор се состанува еднаш месечно и се разгледуваат резултатите од работењето, се одобруваат новите понуди за приватни трговски марки кои се прават на ниво на здружението, се договара увоз за следниот период и др.
За 2021 година како здружение имаме постигнато договори со добар дел од домашните доставувачи. Но, истовремено наидовме и на отпор кај одредени доставувачи, кои не сакаат да го прифатат новиот концепт на работа на здружените локални синџири.
Главните активности на СИЗ ЛКА се: увоз, развој на приватни трговски марки, заеднички преговори со домашни доставувачи и заеднички маркетинг.
За 2021 година како здружение имаме постигнато договори со добар дел од домашните доставувачи. Но, истовремено наидовме и на отпор кај одредени доставувачи, кои не сакаат да го прифатат новиот концепт на работа на здружените локални синџири. Сепак, се надеваме дека оваа година тоа ќе се смени бидејќи опстанавме една година и ги надминавме почетните проблематики, вели Илиев.
Дистрибуцијата на ниво на здружение се договара со секој доставувач посебно и, како што истакнува Илиев, зависи од многу фактори. СИЗ ЛКА има и заеднички логистички центар, кој е во функција веќе шест месеци. Според нашиот соговорник, логистичкиот центар е од огромно значење за здружението, без кој не би можел да функционира заедничкиот увоз.
Како здружение имаме големи планови за во иднина. Најголемиот фокус ќе го насочиме кон постојните артикли од приватните трговски марки и за развој на нови, како и на сопствениот увоз, заклучува Илиев и нагласи дека првиот главен предизвик што треба да се надмине краткорочно е да бидат прифатени од доставувачите како еден ентитет – како СИЗ ЛКА.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.