Актуелно

Бесплатен вебинар – празничен подарок од Retail Cities

10 дек 2021

Retail Cities во соработка со TNG најавува работилници, од кои првите две сесии се празничен подарок за малопродажната индустрија и се закажани за 16 декември.

Темата на вебинарот, кој е отворен за сите преку предрегистрација на „Зум“, е инфлацијата на малопродажните цени и иновациите во сегментот испорака до последната милја.

Глобалната консултантска групација за малопродажба Retail Cities, основана во Делавер (САД), објави дека ги проширува услугите за клиентите во 2022 година. Структурата на групацијата, која работи на шест континенти, е базирана на членство и претставува платформа за услуги и консултации. Total Negotiation Group Partnership (TNG) е глобална консултантска компанија, која се занимава со комерцијални стратешки можности за водечки светски FMCG-компании.

Заедно, овие две компании ќе реализираат четири серии работилници за малопродажба во текот на 2022 и 2023 година. Секоја серија ќе биде осмислена така што лидерите од FMCG-индустријата ќе добијат практични информации за промените кај клучните купувачи, обуки за комерцијални и преговарачки стратегии во безбедна средина за учење, кое се темели на вештини. Четирите серии работилници содржат три сесии за претплатените членови и ќе ги покријат пограничните делови на ЕУ, Русија, Турција и Велика Британија.

Спонзор на TNG за наставната програма во 2022 година е Бернард Веселс, постар партнер во групацијата. Retail Cities го назначи Вилијам Колиер, раководител на услуги за клиенти, за да помогне во развојот на работилниците за следната година. Стивен Мејдер, глобален раководител за е-трговија во PHD, е во советодавната група за производи на Retail Cities.

Претседателот на Retail Cities, Реј Гаул, го изрази оптимистичкиот став за 2022 година. Како што се гледа крајот на 2021 година, многу клиенти се загрижени за пореметувањата во синџирот на снабдување, инфлацијата на малопродажните цени и идните препреки, предизвикани од пандемијата. Преку сите ангажмани што ги реализиравме во 2021 година, ние, вработените во Retail Cities, на многу клиенти успешно им помогнавме со агилен и специфичен пристап. Постојаните состаноци се рефлексија на нашата желба да ги поддржиме клиентите таму каде што е потребно, со најсилно водство и менторство. Дополнителниот капацитет ќе ни овозможи да продолжиме да испорачуваме услуги на флексибилен начин, „случај по случај“. TNG е партнер со докажано искуство, кој на комерцијалните лидери им нуди обуки, базирани на вештини.

Бернард Веселс истакнува дека клиентите сакаат сигурно опкружување за да избегаат од долгите денови пред компјутерските екрани и јасно да размислуваат за краткорочните и долгорочните стратегии: Нашите комецијални експерти испорачуваат стратегии што создаваат заедничка вредност за повеќе аспекти – од преговори, продажба и стратешко управување, до стратегии за управување со приходите и набавките.

За услугите што ги нудат овие компании, може да ги посетите нивните веб-страници https://www.retailcities.com/ и https://www.totalnegotiation.com/ или директно да ги контактирате на Desiree.Fung@RetailCities.com и Hannah.coker@totalnegotiation.com.

LinkedIn: https://www.linkedin.com/company/retailcities/

LinkedIn: https://www.linkedin.com/company/total-negotiation/

Празничен подарок за малопродажната индустрија е вебинарот за инфлацијата на малопродажните цени и за иновациите во сегментот испорака до последната милја, дизајнирани од група консултанти од Retail Cities.

Двете сесии се закажани за 16 декември (четврток) и се отворени за сите, преку предрегистрација на „Зум“. Првата сесија е закажана во 9:00, Лондон / 16:00, Шангај, а втората во 9:00 ЛА/ напладне, Њујорк/ 17:00, Лондон. Панелисти се Кина Демирел од „Мигрос Тиџарет“ – Турција, Џулиет Анамах од „Џумија груп“, Ден Витнер од Retail Cities и Брајан Гилденберг од „Омником“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...