Загрепски „Дукат“ воведува сезонски бонус за своите кооперанти, за есенската сеидба во текот на септември и октомври годинава, со цел да го подобрат производството на добиточна храна и ефикасноста на производството на млеко.
Одговорно и одржливо партнерство со производители на млеко, поттикнување на производство на млеко и живеење во руралните делови на земјата се основните одредници за одговорниот бизнис на „Дукат“. Ние се стремиме да бидеме сигурен и траен партнер за нашите земјоделци. Воведувањето сезонски бонус за есенска сеидба е еден од серијата стимулации со крајна цел да се зголеми квалитетот и количината на произведено млеко. Годинашните долгогодишни високи температури имаат негативно влијание врз производството на млеко, така што со сезонскиот бонус сакаме да им помогнеме на нашите земјоделци полесно да се подготват за есенската сеидба и да создадат предуслови за ефикасно производство на млеко во последниот дел од годината, кажа Душко Глишиќ, директор на „Дукат“ во Хрватска.
Дукат е најголемиот откупувач на млеко во Република Хрватска, со 110 годишна традиција. Денес компанијата соработува со околу 2.000 производители на млеко низ целата земја, од кои дури 50 проценти се мали производители на млеко.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.