Рускиот дисконтер „Мере“ ја почна експанзијата и ширењето на својата малопродажна мрежа ширум Европа.
Трговецот бара потенцијални локации во Велика Британија, а сега сака да влезе и на пазарот во Белгија.
Компанијата го лансираше интернет сајтот merebelgium.com на кој објави дека во Белгија е присутна од 2020 година и дека до крај на годинава планираат да отворат 10 маркети на овој пазар. Исто така, на сајтот има и корисни податоци за иднинте добавувачи и сопственици на простор за изнајмување.
Трговецот, кој во родната Русија, во Белорусија и во Казахстан работи под називот „Свветофор“, на пазарот на ЕУ првпат влезе во 2018 година. Моментално е присутен во девет земји, меѓу кои Романија, Германија, Полска, Литванија и Летонија.
Трговецот во својата малопродажна мрежа има повеќе од 2.000 продавници.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.