Групација „Барила“ ја завршува аквизицијата со производителот на суви тестенини „Катели“, кој досега функционираше во рамките на шпанскиот концерн „Ебро фудс“.
Вредноста на аквизицијата изнесува околу 107 милиони евра.
Со овој деловен потег „Барила“ ќе преземе три бренда од овој производител и фабриката во Монтреал, со што ќе го зајакне присуството во Северна Америка.
Познавајќи ја синергијата на нашите деловни стратегии, заложби и вредности, веруваме дека аквизицијата со „Катели“ е природен пат за проширување на нашиот бизнис, изјави извршниот директор на „Барила“, Клаудио Колцани.
До 2024 година италијанскиот гигант планира да спроведе уште 10 инвестиции во вкупна вредност од една милијарда евра, во сегментите производство на тестенини и сосови од домати.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.