Актуелно

Германците повторно панично купуваат тоалетна хартија

21 Oct 2020

Кога на почетокот на годината се прошири пандемијата од коронавирусот во Европа, тоалетната хартија преку ноќ стана еден од најбараните продукти во продавниците. Поради зголемениот број на заразени, Германците во последните неколку денови повторно почнаа панично да купуваат тоалетна хартија.

Со оглед на тоа што во Германија деновиве е забележан рекорден пораст на бројот на новозаразени (во еден ден 7.334, а починати 24 лица), трговските синџири „Лидл“ и „Алди“ известија за благ пораст на побарувачката во продавниците. 

Во овој момент во продавниците се забележува благ пораст на побарувачката на одредени производи, како што е тоалетната хартија, кажа портпаролот на „Алди“.

И од „Лидл“ известија дека во некои делови од земјата е забележана зголемена побарувачка за хигиенски производи. 

Се чини дека стравот од нов целосен карантин повторно ги охрабри германските купувачи на т.н. „панично купување“, пренесоа тамошните медиуми. Предупредувањето од баварскиот премиер Маркус Содер дека земјата е поблиску до второ целосно затворање отколку што некој би сакал да признае, кај Германците рефлексно ја поттикна потребата за снабдување со тоалетна хартија и други поризводи со долг рок на траење.

И покрај извештаите за празни полици, од двата големи трговски синџири истакнуваат дека паничното купување во никој случај не е потребно.

По празнењето на полиците на кое бевме сведоци на почетокот од годинава, ги следиме промените во побарувачката за некои производи повнимателно од кога било досега за да осигуриме дека на нашите клиенти нема ништо да им недостасува, рече портпаролот на „Алди“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...