Со новата кампања „Храброста е убава“ (Courage is Beautiful), Dove ги поддржува здравствените работници и ја прикажува вистинската убавина на луѓето што имаат траги од заштитната опрема и се во првата борбена линија со вирусот корона.
Рекламата, зад која стои агенцијата „Огилви“, најпрвин се емитуваше Канада, а потоа следуваше и американската верзија, во која има повеќе фотографии од локални здравствени работници. Алесандро Манфреди, извршен потпретседател на Dove, открива дека ќе следуваат и други реклами приспособени за различни земји, со локални фотографии.
Имавме чувство дека храброста е убава и помисливме, зошто да не ги покажеме луѓето што го прават тоа и да им се заблагодариме што ги ризикуваат своите животи, истакнува Манфреди.
Американската верзија носи слоган во кој се потенцираат донациите на Dove за грижа на здравствените работници во Америка. Таа е дел од пошироката глобална заложба на „Унилевер“ од околу 108 милиони долари, која вклучува и донација од 200.000 маски.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.