Видео вести

(ВИДЕО) „Сув јануари“ за Антмен

30 Jan 2023

Heineken претстави нова кампања со Антмен, неколку недели пред објавувањето на најновата епизода од филмската франшиза.

Во пресрет на премиерата на филмот „Антмен и Оса: Квантуманија“ (Ant-Man and the Wasp: Quantumania) на „Марвел“, пиварницата „Хајнекен“ се надева дека ќе ја зголеми популарноста на безалкохолната опција на пиво.

Кампањата, која трае од 9 јануари до 18 февруари, го прикажува ликот на Пол Рад – Скот Ланг алиас Антмен, како ужива во консумацијата на Heineken 0.0. Во кампањата се вклучени телевизиски спотови, промоции во продавници и наградни игри.

Иницијативата доаѓа неколку недели пред објавувањето на најновата епизода од филмската франшиза за „Антмен“, која е закажана за 17 февруари. Истовремено, таа се совпаѓа и со „Сув јануари“ (Dry January), здравствена кампања што почна пред неколку години во Велика Британија и се прошири низ светот. Станува збор за тренд за воздржување од консумацијата на алкохол, кој има цел да привлече што е можно повеќе луѓе да не пијат цел месец.

Во текот на спотот од 15 секунди се чини дека мравката по име Антон е лута на ликот на Рад – Скот Ланг, затоа што тој пие на работа. Сепак, Ланг открива дека пивото е без алкохол и се враќа на работа.

„Сув јануари“ е популарен феномен во последните неколку години. Според истражувањето спроведено за потребите на кампањата, денес помалку млади луѓе пијат пиво. Освен тоа, бројот на тие што планирале да купат безалкохолни опции во текот на јануари, годинава драстично се намалил. Имено, во 2022 година 33% од испитаниците во истражувањето изјавиле дека планираат да купат безалкохолно пиво, а во 2023 година тој број е намален на 13%.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...