Со проверките се поддржува стратешкото планирање и се покажува посветеноста на компанијата кон законски и етички деловни практики, што во краен случај ја зајакнува нејзината репутација.
Автори: Ведран Лаличиќ и Ангела Андонова, адвокати во Адвокатско друштво „Лаличиќ и Бошкоски“
Во динамичната деловна средина во Македонија правните проверки за усогласеност не се само регулаторна формалност, туку се стратешка неопходност за секој бизнис. Комплексноста на законите кои ги уредуваат работните односи, корпоративното управување, заштитата на потрошувачите и заштитата на личните податоци бара од компаниите континуирано да ги следат и да се приспособуваат на правните промени. Проверките за правна усогласеност служат како превентивен механизам кој може да открие потенцијална правна ранливост и кој истовремено им овозможува на компаниите да превенираат потенцијални правни спорови. Дополнително, со проверките се поддржува стратешко планирање и се покажува посветеноста на компанијата кон законски и етички деловни практики, што во краен случај ја зајакнува нејзината репутација на пазарот и односите со трети лица, вклучувајќи ги вработените, клиентите и деловните партнери.
Усогласеност со прописите за работни односи
Почитувањето на прописите со кои се уредуваат работните односи е од суштинско значење за обезбедување и одржување хармонична работна атмосфера и за воспоставување здрав и стабилен однос со вработените. Проверките од оваа област можат успешно да откријат дали компаниите како работодавци доследно ги почитуваат правата на работниците и дали правилно ги исполнуваат своите обврски кои произлегуваат од работниот однос, особено дали:
Проверката за правна усогласеност во делот на работните односи успешно може да спречи потенцијални конфликти со и/или меѓу вработени, да превенира судски постапки и прекршочни постапки и притоа да поддржува праведно и усогласено работно опкружување.
Проверките за правна усогласеност служат како превентивен механизам кој може да открие потенцијална правна ранливост и потенцијални правни спорови.
Усогласеност со регулативата за корпоративно управување
Корпоративното управување ги вклучува механизмите, процесите и односите преку кои се контролираат и функционираат компаниите. Правните проверки за усогласеност во оваа област имаат цел да обезбедат дека менаџментот на компанијата дејствува во најдобар интерес на содружниците и акционерите и дека компанијата работи во согласност со законите. Проверките од оваа област можат да помогнат за спречување корпоративни измами, заштита на интересите на содружниците/акционерите и зголемување на кредибилитетот и одржливоста на компанијата. Притоа, проверките од областа на корпоративното работење можат да откријат потенцијални недостатоци во следните области:
Усогласеност со прописите за заштита на личните податоци
Во ерата на дигитализација, почитувањето на законите за заштита на личните податоци е од суштинско значење. Секоја компанија мора да се погрижи нејзините практики за управување со личните податоци да се усогласат со Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на РСМ“, број 42/20). Спроведувањето проверки на законската усогласеност во овој домен е од клучно значење за прецизно утврдување на правните празнини во документацијата потребна за регулирање на обработката на личните податоци. Покрај тоа, овие проверки помагаат да се спречат прекршувањата кои би можеле да предизвикаат значителни финансиски реперкусии за компаниите.
Инвестирањето во сеопфатни проверки на законската усогласеност е инвестиција која гарантира за идниот успех и стабилност на правните субјекти.
Усогласеност со прописите за заштита на потрошувачите
Секоја компанија што пласира стоки и услуги на пазарот задолжително мора да води сметка за прописите за заштита на потрошувачите. Вршењето проверки на усогласеност во овој домен обезбедува поттикнување доверба меѓу потрошувачите и компаниите како трговци, минимизирање на правните ризици од глоби и забрани за вршење дејност и подобрување на репутацијата на пазарот. Главните недостатоци на компаниите во оваа област се:
За секој бизнис во Македонија, редовните проверки на усогласеноста со закон се неопходни. Тие се проактивна мерка која не само што ги спречува правните проблеми, туку придонесува и за целокупната стабилност на бизнисот. Правните проверки (legal health check) овозможуваат превенирање на финансиски казни, штета на угледот на компанијата и нарушувања на работниот процес. Инвестирањето во сеопфатни проверки на законската усогласеност е инвестиција која гарантира за идниот успех и стабилност на правните субјекти.
„Лаличиќ и Бошкоски“ е реномирано адвокатско друштво, посветено на обезбедување правни услуги од сите области на правото. Нашиот посветен тим од адвокати е специјализиран за работење во областа на граѓанското, кривичното, деловното право, како и правото на интелектуална сопственост. Задоволството на клиентите е наш приоритет, обезбедувајќи персонализирани, ефикасни и сигурни законски решенија. Високиот степен на посветеност, правна експертиза и креативното размислување се основните постулати на нашето работење. Нашето друштво е гордо на својот модерен работен пристап кој на клиентот му нуди сеопфатна услуга за потребната правна помош.
Адреса: ул. Македонија бр. 26/1-5, 1000 Скопје
Телефон: 02/ 60-90-218
Е-адреса: contact@lblaw.com.mk
Веб-страница www.lblaw.com.mk
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.