Маркетинг

Канада: Трамвајот Heineken е повторно низ улиците на Торонто

13 Jan 2025

Компанијата „Хајнекен“ во соработка со агенцијата „Публицис  груп Канада“, низ улиците на Торонто повторно го пушти во употреба трамвајот Haineken со цел да покаже дека забавата може да биде и без алкохол.

Трамвајот Heineken 0.0 ќе сообраќа по улицита на Торонто три последователи викенда, на 11, 18 и 25 јануари, а на рутата по која ќе се движи се наоѓаат некои од најпознатите ноќни клубови.

Полнолетните потрошувачи ќе имаат можност бесплатно да се возат со овој трамвај на некоја од овие локации, но и да го пробаат пивото Heineken 0.0 и да уживаат во настапот на познати диџеи кои ќе настапат во трамвајот.

Знаеме дека изборот на безалкохолен пијалок често покренува прашања или претпоставки за тоа зошто сте го направиле тој избор. Без разлика дали правите пауза, пробувате нешто ново или едноставно уживате во моментот, причината не е важна. Heineken Route 0.0 е тука за да ја разбие заблудата дека алкохолот е неопходен за забавна и незаборавна ноќ, изјави Хозе Касиљас, главен маркетинг директор на „Хајнекен“ – Канада.

Оваа иницијатива е продолжение на глобалната кампања на компанијата „0.0 Reasons Needed“ која има за цел да го нормализира изборот на безалкохолни пијалоци и да ја разбие социјалната стигма кога станува збор за безалкохолните пијалоци.

 

 

Извор: Little Black Book

Фото: „Хајнекен“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...