Хрватскиот репрезентативец и фудбалер на Манчестер Сити, Јошко Гвардиол е новото лице и амбасадор на пивото Ožujsko.
Ožujsko е легендарно хрватско пиво. Со текот на времето стана симбол на фудбалот и верен партнер на нашата репрезентација и омилен пијалок на нашите навивачи. Нема веќе фудбалски натпревар што се игра без Ožujsko и на трибините, и пред телевизорите, на плоштадите... Особено ја сакам таа лојалност, таа енергија и атмосфера што Ožujsko ја создава меѓу навивачите и меѓу нас играчите. , и затоа ми е голема чест и задоволство да го продолжам патувањето во партнерство со Ožujsko, изјави фудбалерот.
„Загрепска пивара“ и пивото Ožujsko повеќе од 25 години соработуваат со Хрватскиот фудбалски сојуз и репрезентацијата.
Оваа долгорочна врска, која започна во 1998 година, е најдолготрајното спортско партнерство.
Јошко Гвардиол го претставува сето она што го цениме и во што веруваме во „Загрепска пивара“ - посветеност, страст, заедништво и верба во успехот. Неговата енергија, упорност и спортски дух ги одразуваат вредностите кои Ožujsko ги негува повеќе од 130 години. Со нетрпение го очекуваме заедничкото патување и сите победи пред нас, изјави Ана Штебих Пињух, маркетинг директор на „Загрепска пивара“.
Извор: InStore.hr
Фото: Ožujsko
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.