Маркетинг

Велика Британија: Nespresso и Дејвид Бекам во нова празнична кампања (Видео)

19 Nov 2024

Брендот на компанијата „Нестле“, Nespresso, во пресрет на Божик ја лансира новата кампања во која главната улога ја има Дејвид Бекам.

Кампањата вклучува реклама во кога го следиме Бекам како прави Nespresso кафе, потоа излегува надвор и прави снешко кој го облекува во фудбалски дрес.

Уживав во креирањето на овој празничен филм со Nespresso. Го сакам ова време од година, кога со пријателите и семејството се забавуваме и создаваме спомени, изјави Бекам.

Минатата година во ноември Бекам стана дел на тимот бренд амбасадори на Nespresso, приклучувајќи му се американскиот актер Џорџ Клуни во промовирањето на брендот Nespresso.  

Извор: Marketing Beat

Фото: Nespresso



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...