Маркетинг

„Јафа Црвенка“ ги претстави новите Munchmallow фигури

10 Oct 2024

Откако минатата година го лансираше Робомач, новата амбалажа за Munchmallow која се претвора во робот, „Јафа Црвенка“ ги претстави новите играчки.

Како и минатата година, компанијата на нејзината веб страница лансира серија на видео туторијали за составување на на овие фигури.

Зад идејата и реализацијата стои агенцијата „Жишка“, додека роботите ги „оживеа“ компанијата „Левел4“ (ЛВЛ4).

Годинава пристапивме на  колекција со амбиција да го развиеме овој производ и ги послушавме децата и родителите. Играчките се едноставни за составување, секоја има исцртани елементи за боење и со секоја оди додаток од фолија, изјави Милја Сијакинјиќ, креативна директорка на „Жишка“.

Кампањата вклучува петнаесет нови играчи, вклучувајќи ги и „чудните“ животни, како што се Роуч, кој е комбинација на овен и гулаб и Баначка, која е комбинација на банана и мачка.

Извор: Instore.rs

Фото: „Јафа Црвенка“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...