Компанијата „Хајнц“ во соработка со агенцијата „Гут Њујорк“ лансира нова кампања во пресрет на Ноќта на вештерките.
Слоганот на кампањата (It Ha-Ha-Has to be Heinz), претставува омаж на платформата на производителот која беше лансирата минататa година (It Has to be Heinz), која придонесе за глобален раст на компанијата до 12%.
Целта е да се истакне „ирационалната љубов“ на потрошувачите кон кечапот Heinz, кој ги тера да заборават на се, па дури и на манирите и поради тоа на постерите од кампањата можат да се видат потрошувачи кои на лицата имаат размачкан кечап.
Знаеме дека нашите фанови, кога се работи Heinz даваат се за да го добијат кечапот, дури и ако останат размачкани. Покрај тоа, како наша инспирација го искористивме и културниот момент користејќи личности и единствена смисла за хумор за да создадеме нешто едноставно што зборува за сјаниот вкус на Heinz и е забавно за нашите фанови. Едвај чекаме да видимe како ќе реагираат фановите и се надеваме дека ќе предизвикуваме неочекувани насмевки на лицата на луѓето на Ноќта на вештерките, изјави Хана Винтерборн, директорка на компанијата за Европа и за развој на пазарите на Пацификот.
Извор: Ads of the World
Фото: „Хајнц“/„Гут Њујорк“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.