Маркетинг

САД: „Кока Кола“ и „Бакарди лимитед“ го претставија новиот РТД коктел

27 Sep 2024

Компанијата „Кока Кола“ го најави лансирањето на новиот РТД коктел, во соработка со компанијата „Бакарди лимитед“.

Продолжуваме да го развиваме нашето портофило, придружувајќи се на растечкиот пазар со РТД алкохолни пијалаци. Новата соработка со „Бакарди лимитед“ ја поддржува нашата стратегиска експанзија и се радуваме со лансирањето во следната година, изјави Џејмс Квинси, претседател и извршен директор на „Кока Кола“.

Новиот РТД пијалак се приклучува на листата на производи кои ги креира компанијата во последните години во соработка со другите брендови како што се Absolut x Sprite RTD во соработка со „Перно Рикар“ и  Jack Daniel's x Coca-Cola RTD и со компанијата „Браун Форман“.

Првично овој пијалак ќе содржи 5% алкохол, но таа содржина ќе варира во зависност од пазарот, соопштуваат од компанијата.

Лансирањето на избраните европски пазари и на месичкиот пазар е планирано за 2025 година.

Ова не е прв пат овие два бренда да се здружат. Компаниите во 1900 година заедно го смислиле коктелот Cuba Libre, кое содржи рум Bacardi,  Coca-Cola, лимета и кој до ден денес е еден од најпознатите коктели во светот.

Возбудени сме што ќе ги споеми двата легендарни бренда за потрошувачите да можат да уживаат во еден од најпопуларните коктели во светот. Преку соработката ќе го зголемиме нашиот опсег, за што повеќе полнолетни потрошувачи да можат да уживаат во класичниот  Bacardi x Coca-Cola коктел, изјави Манеш Мадхаван, извршен директор на компанијата „Бакарди лимитед“.

 

Извор: InStore.rs

 

Фото: „Кока Кола компани“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...