Маркетинг

САД: Lay's е официјален спонзор на Светското фудбалско првенство 2026

17 Sep 2024

Брендот на „Пепсико“, чисот Lay's станува официјален спонзор на ФИФА Светското фудбалско првенство 2026 и на Светското фудбалско првенство за жени 2027.

Овој бренд претходно ја поддржа организацијата на Светското фудбалско првенство во Катар кое се одржа во 2022 година, а во 2023 година и Светското фудбалско првенство за жени.

Придружувањето на ФИФА како регионален спонзор во 2022 година беше пресврт за „Фрито леј“ и исклучително сме горди што ги поставивме темелите за следниот чекор во глобализацијата на нашето партнерство. Брендот Lay's има долга истори во собирањето на навивачите преку заедничката љубов кон играта и се радуваме што создаваме уште повеќе историски моменти додека продолжуваме да ги користиме нашите брендови за обединување и инспирација на фудбалските навивачи низ светот, изјави Стевен Вилијамс, извршен директор на „Фрито Леј“ за САД.

Светското првенство во фудбал во 2026 година ќе биде првото издание  во кое ќе учествуваат 48 селекции и ќе се одржи во три земји – Канада, Мексико и Соединетите Американски Држави, додека Светското првенство за жени 2027 година ќе претставува прв пат кога овoj турнирот ќе се одржи во Јужна Америка.

Извор: Instore

Фото: „Пепсико“/„Фрито леј“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...