Маркетинг

Велика Британија: Guinness ја лансира најголема глобална кампања (Видео)

20 Aug 2024

Брендот на компанијата „Дијаџио“, Guinness во соработка со поранешниот фудбалер Алан Ширер, ја лансира најголемата глобална кампања досега.

Во пресрет на новата фудбалска сезона Guinness своите камиони со кои доставува пиво во пабовите низ Великга Бриганија, ги „облече“ во боите на 20 клубови кои се дел од Премиер лигата.

Премиер лигата не е само фудбал, таа е глобална можност. Милиони навивачи се собираат секоја недела на стадионите, пабовите и домовите, обединети од љубовта кон играта. За Guinness тоа е неверојатна можност да продолжи со успехот на брендот на глобално ниво и да биде дел од нови ритуали и постоечки традиции низ светот, создавајќи фантастични приказни и искуства кои ги спојуваат страста и врски меѓу прекрасната игра и преубавото пиво, изјави Стивен О’ Кели, глобален директор за брендот Guinness.

Кон средината на јуни годинава, брендот објави дека стана официјален партнер на Премиер лигата, заменувајќи го Budweiser во оваа улога.

Како дел од првото глобално фудбалско првенство на брендот, кое ќе трае четири години, почнувајќи од сезоната 2024/25, Guinness ќе стане официјално пиво на Премиер лигата, додека Guinness  0.0 ќе биде официјално безалкохолно пиво на Премиер лига.

Компанијата лансираше серија видеа кои покажуваат како фудбалот има фанови дури и во најоддалечените делови на светот, а како што е наведено на веб-страницата на компанијата, Guinness ќе започне активации во рамките на партнерството во повеќе од 70 земји.

Извор: InStore.rs

Фото: „Дијаџио“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...