Маркетинг

САД: „Пепсико“ и Џеј Балвин во кампања за поттикнување на младите (Видео)

06 Aug 2024

Како нов амбасадор на брендот Cheetos, пејачот Џеј Балвин ја има главната улога во кампањата на „Пепсико“ насловена „Остави ја твојата трага“.

Целта на оваа кампања, која првично беше лансирана во 2020 година, е да ги прославува оние кои оставаат трага преку уметност, образование, музика, технологија и мода.

Како дел од кампањата, брендот лансира и серија на спотови со пејачот Џеј Балвин. Овој пејач и самиот им помага на младите преку својата фондација „Вибра ен Алта“, а во рамките на кампањата со компанијата „Пепсико“ ќе им помогне на некој од кандидатите со стипендија во износ од 25.000 долари.

Многу ми значи што имам можност да се здружам со Cheetos за заеднички да помогнеме во заедницата која толку многу ми даде во мојата кариера. Постојат толку неверојатни луѓе кои инспираат промени и ја прикажуваат убавината на латино културата. Се работи за рушење на бариери и поместување на границите за следните генерации, изјави Балвин.

Cheetos е посветен во давањето поддршка на латино заедницата за да и помогне да го ослободи целиот потенцијал и да продолжи да го  шири  и понатаму позитивно влијание. Влијанието кое Џеј Балвин го направи со својата музика и со работата во фондацијата, ќе ни помогне да се истакне заедницата, изјави Тина Махал, потпретседателка за маркетинг во „Пепсико фудс Норт Америка“.

Извор: PR Newswire

Фото: „Пепсико“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...