Брендот на компанијата „Нестле“, THOMY лансира нова кампања во која соработува со капитенот на српската кошаркарска репрезентација, Богдан Богдановиќ.
Кампањата е со слоган #ZagriziZaPobedu и е лансирана во пресрет на Олимписките игри во Париз кои се почнуваат денеска и ќе траат до 11 август.
Покрај новата реклама, компанијата го претстави и новиот визуелен идентитет и специјалното издание на производите на THOMY, меѓу кои е и мајонезот THOMY со фотографија и потпис од Богдановиќ.
Во рамките на кампањата компанијата воведе и наградна игра.
Извор/Фото: „Нестле“/ Linkedin
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.