Маркетинг

Велика Британија: Guinness станува официјален партнер на Премиер лигата

13 Jun 2024

Брендот на компанијата, „Дијаџио“, Guinness, станува официјален партнер на Примиер лигата, заменувајќи го Budweiser.

Премиер лигата е најпопуларната фудбалска лига на светот, давајќи ни неверојатна можност да продолжиме да го градиме успехот на нашиот бренд на глобално нив ои да се поврземе со сите заедници. Посебно сум возбуден поради успехот кој од своето лансирање го доживеа Guinness 0.0 и што со статусот на официјално безалкохолно пиво на Премиер лигата ќе се постават темелите за натамошното глобално ширење, изјави Џон Кенеди, претседател на компанијата „Дијаџио“ за Европа.

За оваа можност брендот најави забавни и интересни искуства за фубалот во рамките на партнерството, вклучувајќи и лансирање на нова комуникациска платформа.

Ова партнерство ги обедини двата култни глобални берндови кои ги сакаат ширум светот и со нетрпение чекаме да го внесеме преубавото пиво во прекрасната игра. Кога ќе биде шутната првата топка во август, Guinness ќе го изгради меѓународното наследство во спортот со нова кампања која ќе допре до милиони навивачи кои ја следат  и уживаат во Премиер лигата на уникатен начин ширум светот, изјави Стефен Окели, глобален директор на брендот Guinness.

 

Извор: Grocery Gazette

Фото: Guinness/„Дијаџио“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...