Глобалната индустрија на оваа специфична форма на маркетинг порасна на проценета вредност од 21 милијарда долари во 2023 година, со прогноза да порасне до 91 милијарда долари до 2030 година.
Пишува: Марко Нисиќ, акаунт менаџер во „Инфлуенсерс“
Вкупно 89% од маркетерите што користеле инфлуенсер-маркетинг минатата година планираат да ја зголемат или да ја задржат инвестицијата во овој сегмент.
Со добра причина. Како прво, практиката покажа дека овој вид маркетинг е најпрофитабилен.
Од друга страна, сè уште се смета за најкомплициран за голем број брендови.
Основни чекори во изборот на „инфлуенсери“ и нивната публика
Без разлика дали штотуку почнувате да ја истражувате ефективноста на инфлуенсер-маркетингот или веќе имате одредено искуство, има безброј статии кои можат да ви помогнат да ги креирате главните чекори до успехот. Сепак, многу од нив не навлегуваат доволно длабоко во некои често занемарени, но многу важни детали што се случуваат меѓу тие чекори.
Понекогаш тоа разбирање доаѓа од искуство. Во овој случај, тоа доаѓа од нашето искуство и ние сме среќни да го споделиме за да можете да избегнете вообичаени грешки и погрешни чекори на вашиот пат до успехот во маркетингот со инфлуенсери.
Пронаоѓањето влијателни лица за одреден клиент или бренд може да биде задача која одзема многу време. А има многу брендови (особено поновите) кои немаат искуство во овој сегмент од маркетингот, а уште помалку време. Или дури и немаат контакти и познанства потребни за воспоставување на овие односи.
Покрај вашето искуство во повеќегодишното внимателно следење на комуникацијата со инфлуенсерите, нивната соработка со други клиенти или конкуренти, следење на интеракцијата на публиката со инфлуенсерот, треба да се потпрете на професионални софтверски алатки за:
- Анализа на пазарот;
- Проверка на публиката на инфлуенсери по возрасна група, пол и географска локација;
- Кредибилитет и квалитет на публиката;
- Анализа на сферата на интерес на публиката.
Сето ова е потребно за да имате попрецизен и подетален увид на која публика ѝ се обраќа избраниот инфлуенсер (слика 1) и дали е идеален за промовирање на вашиот бренд или производ.
Податоци од платформа за инфлуенсер маркетинг
*Платформата на компанијата „Инфлуенсерс“
Кој инфлуенсер е вистинскиот избор за одреден бренд
Влијателните потенцијални партнери на вашиот бренд можат да бидат различни - од познати личности и инфлуенсер-ѕвезди со огромна публика (и цена) до микроинфлуенсери кои имаат помала, но ангажирана публика и многу попрофитабилна цена.
Значи, секој од нив има свој уникатен стил, ниша и начин на поврзување со своите следбеници.
Ова значи дека треба да се изберат инфлуенсери со специфична демографија на публиката, локација, интеракција, како и социјални, политички и еколошки ставови кои одговараат на брендот.
Според статистиките, за секој долар што го инвестирате во инфлуенсер-маркетингот, можете да заработите приближно 6,50 долари.
Но, нашиот совет е да ги избегнувате оние што ги користат своите профили како рекламен простор за „од игла до локомотива“. Исто така, оние што соработувале со конкуренти или повеќе од нив - затоа што публиката и на едните и на другите, со текот на времето, престанува да им верува.
Иако понекогаш може да биде тешко да се најде вистинскиот инфлуенсер за вашата кампања, поврзувањето со нив може да биде уште потешко. Популарните инфлуенсери добиваат многу пораки од следбениците и барања за соработка од брендовите, па затоа може да биде тешко некој нов да се истакне од толпата.
Повторно, специјализираните агенции чии стручни тимови подолг период имаат воспоставени добри односи со инфлуенсери во различни ниши се од голема корист. Ова ја олеснува и ја забрзува задачата за воспоставување на првиот контакт, како и преговорите, изнаоѓањето заеднички јазик и најдоброто креативно решение.
Мерење на резултатите од кампањата - најважното нешто
За бренд, најважниот аспект е метриката што ќе му помогне да го измери успехот на кампањата.
На долг рок, со долгорочни проекти или соработки со голем број ангажирани инфлуенсери и многубројни објави, тешко е самостојно да ги следите сите различни статистички податоци поврзани со вашата кампања.
И уште потешко кога треба да управувате со продажбата и да го зголемите интересот што произлегува од кампањата.
Кога водите кампања, особено со повеќе инфлуенсери, потребен ви е начин да измерите кои инфлуенсери даваат најдобри резултати со најголемо влијание - процент на интеракции, број на продажби, посети на веб-страници и слично. Планирањето нова кампања е многу полесно ако веќе знаете што е најдобро за вашата компанија. И веќе знаете кои инфлуенсери најдобро ја пренеле вашата порака за некој производ или услуга.
Потребно е да се следат сите потребни метрики, да се измери успехот на кампањата врз основа на статистика управувана од податоци. Ова може да помогне во креирањето на најдобрите идни кампањи.
Третирајте ги и инфлуенсерите како клиенти
Иако можеби технички „вработувате“ инфлуенсер, тие не работат само за вас, туку работат и со вас. Важно е вашите влијателни лица да ги гледате како деловни партнери. Тоа е заеднички работен однос кој бара многу разбирање и труд.
И никогаш не заборавајте дека тие се многу поврзани со многу поголема мрежа и многу добро ги паметат и ценат оние со кои одлично соработувале. Но, не ги забораваат ниту негативните искуства и врски.
За компанијата
Компанијата „Инфлуенсерс“ собира тим од експерти за маркетинг на инфлуенсери кои од 2019 година отворија нови пазари и нови можности за промоција на многубројни клиенти низ Југоисточна Европа.
Тимот на „Инфлуенсерс“ има уникатен работен систем чија крајна цел е да изгради, следи и да го направи профитабилен инфлуенсер-маркетингот.
Преку иновативни креативни решенија и концепти, со комбинација од најсовремените технолошки достигнувања во оваа област, искуство и познавање на пазарот на брендови и публиката заедно со инфлуенсерите, компанијата промовира и раскажува приказна за брендовите на нивните социјални мрежи и блогови.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.