Маркетинг

САД: Corona и актерот Педро Паскал во нова кампања

28 May 2024

 Бренд компанијата „Констелатион брандс“ ја лансира новата кампања под името „Најубавиот живот“

 Во кампањата е вклучен и едноминутниот спот во кој главната улога ја има актерот Педро Паскал. Во спотот познатиот актер влегува во бар и нарачува пиво Corona, после што на таванот на барот се појавува песок, кој потоа го води до плажа.

 Зад кампањата која ги слави латино корените на брендот и на холивдската ѕвезда, стои агенцијата „Муленлов“.

 Corona ве потсетува да се заблагодарите, да ја цените и да се препуштите на сегашноста. Не можам да бидам погорд што можам да помогнам во дефинирањето на следното поглавје на кампањата, изјави Паскал.

Веруваме дека Corona го симболизира опмитистичкото чувство кое го имате додека сте на плажа без оглед на тоа каде ќе одберете да уживате. Партнерството со талентот на Педро  ни додава нова димензија во нашата кампања, донесувајќи свежа перспектива за која се надеваме дека ќе ги инспирира луѓето да се ослободат од стресот кој го носи современиот живот, изјави Мат Линдсау, директор на маркетинг во компанијата „Констелатион брандс“.

Ова е четврта заедничка кампања на брендот со чилеанскиот актер, кој е и официјален амбасадор на брендот.

Извор: Design Rush

Фото: Corona



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...