„Јафа Црвенка“ и студиото „Схосха гејмс“ ја лансираа мобилната видео игра „Легенда за Јафа Брауни“.
Како настанал светот? Тоа е прашање што отсекогаш ги интересирало луѓето и цивилизациите, но што ако ви кажеме дека херојот на нашата приказна е колач? А светот во кој трага за тајната на настанувањето е град полн со чоколадни долини, бисквитни згради и меки шеќерни облаци, стои во објавата на „Јафа Црвенка“ на својот профил на „Линекдин“.
Играта засега е достапна само за андроид уредите и таа ја следи Јафа Брауни која потрагата по своето потекло при што влегува во бројни авантури.
Трејлерот за оваа игра бил симнат од над 50.000 корисници и тој може да се пронајде на официјалниот канал на „Јафа Црвенка“ а во следниот период потрошувачите ќе можат да ја очекуваат и верзијата за ИОС.
Новата игра доаѓа откако неодамна компанијата го лансира новиот колач, Intense Brownie, кој содржи 40% чоколадо.
Извор/Фото: „Јафа Црвенка“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.