Маркетинг

Чиле: Stella Artois оди во потрага по исчезнатите чаши (Видео)

14 May 2024

Брендот на компанијата „АБ Инбев“, Stella Artois, лансира нова кампања во која во цетнарот се илјадните чаши до познатото пиво кои се украдени од баровите низ целиот свет.

  Од компанијата соопштуваат дека со новата кампања сакаат да го прослават овој потег на потрошувачите истакнувајќи дека тоа е знак на нивната љубов кон брендот.

 Сакаме да ја покажеме вредноста на брендот Stella Artois и да ги ставиме неговите чаши во центарот на камапањата, преку која потрочувачите ќе можат да се поистоветат, користејќи вистински ситуации на кражби од страна на потрошувачите, изјави Андре Толедо, директор на агенцијата „Давид Њујорк“ која стои зад кампањата.

 Во реклмата која што е дел од кампањата се прикажуваат две чаши како дел од фамилија, кои се поставени заедно со другите садови, измиени во машина за перење за садови и замотани во фолија поради селење.

 Покрај телевизиската реклама, во кампањата се лансирани и серија смешни реклами за радио, во кои може да се слушнат пријателите како се договараат како да украдат чаши од бар.

Извор: Ads of the World

Фото: Stella Artois  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...