Маркетинг

Герила кампања: Време е за „затворачот“

29 Aug 2022

Heineken проектира реклами врз њујоршките канцеларии што работаат прекувремено.

Жителите на американската метропола Њујорк, или градот што никогаш не спие, имаа можност да ја проследат новата герила маркетинг-кампања на пивскиот бренд Heineken.

Таргет на кампањата беа работниците во стресните њујоршки канцеларии кои работат прекувремено до доцна во ноќта.

Тимот на Heineken се опреми со проектор и се стационира наспроти деловните центри во Менхетен. На зградите на кои сè уште се гледаат по неколку вклучени светла, тимот проектира пораки повикувајќи ги вработените да се ослободат од стегите на прекувремената работа и да отворат едно ладно пиво.

Работите до доцна?The Closer може да помогне / Време е за The Closer / Пробај го The Closer... се дел од проектираните реклами кои алудираат на отворачот за пиво „The Closer“ (Затворач). Станува збор за отворач за шишиња пиво од Heineken со вградена напредна технологија која ги исклучува сите дигитални уреди во близина кога со него ќе се отвори шише пиво. Иновативниот отворач беше промовиран во јуни годинава.

Како следен чекор Heineken планира пораките што беа проектирани врз њујоршките деловни згради да ги објави како печатени реклами во „Њујорк тајмс“.

 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...