Маркетинг

„Сеинсберис“ нуди бесплатен појадок за случајни минувачи

15 Aug 2022

Британскиот трговец „Сеинсберис“, во партнерство со програмата за лојалност „Нектар“, нуди бесплатен појадок во текот на летото за да ги инспирира Британците да се хранат поздраво и да пробаат нови рецепти.

Како дел од иницијативата „Vegfast Van“, трговецот патува со комбе низ Велика Британија, нудејќи им на случајните минувачи бесплатни оброци.

Кампањата следува по спроведеното истражување, кое покажало дека повеќе од 25 милиони возрасни Британци не консумираат доволно овошје или зеленчук. Резултатите од истражувањето покажале дека просечниот Британец консумира 3,25 порции дневно, што е за 35% помалку од предвидените пет порции. Еден од четворица испитаници изјавил дека причината поради која не јаде здрава храна наутро е затоа што заборава, додека 13% не знаат како да ја вклучат во исхраната.

Кампањата, исто така, има цел да ја промовира идејата за 5 здрави оброци на ден меѓу децата, откако студиите покажале дека 47% не ја достигнуваат таа бројка за време на училишниот распуст.

Понекогаш може да биде предизвик да смислите нови рецепти или да се чувствувате инспирирани да пробате нешто поинакво – особено за време на летните одмори, кога никој не се држи до вообичаената рутина. Затоа, сакаме да ги инспирираме купувачите да пробаат нешто ново и да им покажеме колку е лесно да вклучат овошје и зеленчук во нивните оброци, истакнуваат од компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...