Маркетинг

Амбалажа против деца-крадливци на колачиња

28 Jul 2021

За да ги чува децата подалеку од колачињата на родителите, Oreo Thins стави логоа од други брендови на пакувањето.

Oreo соработува со брендови кои навидум немаат никаква врска со него, со цел да им помогне на родителите што се борат против нивните деца-крадливци.

Тенката варијанта на колачињата, Oreo Thins, се здружи со брендовите Ford, Green Giant, Hanes и Better Homes & Garden. Целта на најпознатиот бренд сендвич-колачиња е да се камуфлира, односно преку новиот дизајн на пакувањето и со новите логоа да изгледа како книга со рецепти, прирачник за автомобил, здиплени алишта или замрзнат зеленчук.

Новите пакувања на Oreo Thins се наменети, пред сѐ, за родителите од генерацијата на милениумците, кои на овој начин може да ги сместат омилените колачиња на полицата за книги, во автомобил, фиока за облека или во фрижидер.

На прв поглед, логоата на пакувањето изгледаат како да не се поврзани со Oreo. Сепак, сите тие се обединети преку фокусираноста кон истата демографска група – родители од генерацијата на милениумците. Тие „со години“ се жалат за тоа што нивните деца им ги крадат колачињата, вели Сидни Кранцман, бренд-менаџерка на Oreo.

Пакувањата нема да бидат достапни во слободна продажба, туку ќе бидат доделувани како награди преку социјалните онлајн-канали на брендот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...