Јапонија е еден од најголемите увозници на месо и месни преработки и токму затоа гледаме потенцијал на тој пазар. Покрај тоа, тој значителен успех на „ПИК Врбовец“ е сјајна референција за хрватските производи и затоа сметаме дека се отвора простор за ширење на извозниот асортиман во Јапонија
Подготви: Јелена Лазариќ, jelena@b2bmedia.org
Откако во 2006 година дипломирал на Економскиот факултет во Загреб, Славен Ружиќ се вработил во групацијата во која останал до денес. Својот деловен пат го почнал на позицијата асистент за стратегија, а продолжил во одделот за трговија со житарки, маслодајни семиња, минерални ѓубрива, месо...). Во „ПИК Врбовец“ е од 2009 година и, како што вели, веќе 12 години се развива заедно со компанијата. Од 2009 до 2019 беше директор за продажба задолжен за свеж асортиман, по што „Фортенова група“ му го довери водењето на компанијата, што му претставува голема мотивација, но и одговорност.
Со оглед на тоа дека 10 години бевте директор за продажба на свеж асортиман во „ПИК Врбовец“, дали претходното искуство многу Ви помогна да се снајдете на денешната позиција?
Раководните позиции вклучуваат грижа за профитабилноста, унапредување и надградување на системот заради конкурентност на пазарот, но и водење и мотивирање на вработените. Важно е постојано да се унапредуваат сопствените економски познавања и вештини, додека стекнуваме практични искуства низ секојдневните работни ситуации. Долгогодишниот стаж во ПИК ми овозможи запознавање и разбирање на компанијата како целина, што секако ми беше олеснителна околност во преземањето и во функционирањето на денешната позиција.
Најважни импулси за промени во прехранбениот сектор се грижа за здравјето, транспарентност, одржливост, практичност и технологија, па и вкусот и искуството. Среде пандемијата дополнително порасна потребата на потрошувачите за транспарентност и за сигурност на храната.
Кои стратешки насоки по кои се водите би ги издвоиле како важни во моменталното работење на „ПИК Врбовец“?
Кога станува збор за месо и месни преработки, „ПИК Врбовец“ недвојбено е прва компанија на пазарот во Хрватска и во регионот. Таа лидерска позиција што ја имаме долги години се темели, пред сè, на квалитетно управување со деловните процеси, што особено дојде до израз за време на двете сериозни кризи што се јавија едноподруго – пандемијата и војната во Украина. Стратешките насоки што ќе ги задржиме и понатаму ќе ги развиваме се темелат на континуирани инвестиции и иновации, со истовремена контрола на трошоците. Тоа е нашата формула за конкурентност.
„ПИК Врбовец“ задоволува повеќе од 40 отсто од потребите на пазарот со црвено месо и месни преработки во Хрватска, а лидери сме во сите категории што ги произведуваме: свежо месо, шунка, трајни салами, паризери од црвено месо, мортадели, колбаси за варење и печење и нарезоци. Но, од повратните информации што ги добиваме од потрошувачите, категории на кои сме особено горди се шунките, пакуваното месо и нарезоците. Ако гледаме по количина на производи, тогаш уделот на свежо месо во продажбата е значително поголем од уделот на месните преработки.
Каде наоѓате инспирација за нови категории? Кои се најновите трендови што ни доаѓаат во месната индустрија?
Постојаниот развој на нови категории е резултат на следење на потребите на нашите потрошувачи, но и следење на трендовите на другите пазари. Гледаме како доаѓа до промена на навиките кај консументите на месо и месни преработки и сметаме дека наша одговорност е да им дадеме на потрошувачите производи што одговараат на нивните потреби. Токму тоа е мотивација за нашите стручњаци кои, во чекор со времето, континуирано ги унапредуваат постојните и развиваат нови производи. Најважни импулси за промени во прехранбениот сектор се грижа за здравјето, транспарентност, одржливост, практичност и технологија, па и вкусот и искуството. Среде пандемијата дополнително порасна потребата на потрошувачите за транспарентност и за сигурност на храната. Исто така, потеклото на храната станува поважно од кога било, а во прилог на тоа оди фактот дека домашните потрошувачи се изразено ориентирани кон домашните производи.
Извозот сега партиципира со околу 20 отсто во вкупната продажба, но веруваме дека тој удел дополнително ќе расте.
Кои земји се голем потенцијал за извоз на вашите производи?
Производите на „ПИК Врбовец“ се препознаени како производи со врвен квалитет на многу пазари. Во 2021 извезовме во повеќе од 30 земји, со најголем удел на продажба на пазарите во ЕУ и соседните ЦЕФТА-пазари. Пласиравме и на најпребирливите пазари како Америка и Канада, што го потврдува долгогодишното поседување на извозниот број ХР 10. Извозот сега партиципира со околу 20 отсто во вкупната продажба, но веруваме дека тој удел дополнително ќе расте, што е во согласност со нашата стратегија која во последните години сè повеќе е насочена кон извоз.
Каква ви е соработката со Јапонија, што очекувате од тој пазар?
Јапонија е една од најголемите економии во светот, но и еден од најголемите увозници на месо и месни преработки, па очекувањата ни се големи. Извозот во Јапонија е значителен деловен исчекор и уверени сме дека се работи за потенцијално значаен пазар. Јапонците се познати по тоа дека посветуваат многу внимание на секој детаљ и се исклучително строги кога станува збор за квалитет на суровините, обработката и пакувањето на готовите производи. Од наша страна ги исполнивме тие исклучително тешки критериуми, а од другата страна наидовме на соработка што можеме да ја оцениме како изразено коректна. Процесот на преговори и самата реализација траеја седум години. Јапонија е еден од најголемите увозници на месо и месни преработки и токму затоа гледаме потенцијал на тој пазар. Покрај тоа, тој значителен успех на „ПИК Врбовец“ е сјајна референција за хрватските производи и затоа сметаме дека се отвора простор за ширење на извозниот асортиман во Јапонија.
Каква ви е соработката со трговските синџири?
Имате ли во план нови инвестиции?
Инвестицискиот циклус во „ПИК Врбовец“ никогаш не престанува – од 2005 година досега вкупниот износ на инвестиции надмина 1,2 милијарда куни. Најважните инвестиции во последните 15 години се фабрика за сечење и пакување свежо месо, разладувач за длабоко смрзнување, складиште за свежо месо, фабрика за трајни колбаси, погон за сечење и пакување, магацин за готова стока и инвестиции во технолошка опрема, инфраструктура и зачувување на околината. Од актуелните инвестиции тука е новиот погон за примарна обработка на свињи и модернизација и обнова на возниот парк. Завршувањето на работите околу проширувањето на погонот значително ќе ги зголеми капацитетите на кланицата.
Што би им порачале на читателите на ИнСторе магазин?
Да останеме оптимисти, и покрај факторите на кои сме изложени, било да се работи за пандемија, за предизвикувачка геополитичка ситуација или за проблеми настанати среде криза. За жал, на некои процеси не можеме да влијаеме, но треба да се сетиме дека по дождот доаѓа сонце. Актуелната ситуација од сите нас бара да се приспособиме, што секако не е лесно – но уверен сум дека со заеднички сили ќе ја пребродиме оваа криза и ќе им се вратиме на животот и работата во нормални околности.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.