Љупчо Павловски, генерален директор на АД „Бадел 1862", Скопје
Традицијата, во некоја мера, претставува гаранција за квалитет, сигурност, континуитет, но ни одблиску не е доволна, доколку не се следат и не се имплементираат модерните текови на производството, пакувањето, дизајнирањето, изборот на најквалитетни сировини, иновативниот маркетиншки настап, континуираното водење грижа за купувачите и излегување во пресрет на нивните потреби.
Во прашање се и различни политички и економски текови што компаниите треба да ги следат за да опстојат. Во кој период на постоењето на компанијата „Бадел 1862" во Македонија имаше најголем пад, а во кој период го доживеа својот најголем подем?
Најголеми тешкотии во работењето имавме во почетокот на деведесеттите години, кога се трансформиравме од претставништво во претпријатие, поради распадот на Југославија, а имаше и проблеми во платниот промет меѓу поранешните републики. Имавме сериозни проблеми во транспортот на производите поради војната што се водеше, па транспортот се одвиваше по морски пат (Риека-Драч-Скопје), како и со помош на железничкиот транспорт, преку Унгарија, Романија, Грција, што секако беше нерентабилен и скап превоз. Се соочивме со прекинати комуникациски врски со матичното претпријатие во Загреб, со трансформација од општествена во приватна сопственост, со распадот и стечајот на големите трговски претпријатија како „Славија", „Центро", „Охридска трговија" и многу други.
Вториот период на големи тешкотии во работењето претставуваше периодот од 1998 до 2003 година, кога имаше голем шверц на алкохолни пијалаци, особено од Косово, Албанија и Бугарија. Големото производство на фалсификати имаше значително негативно влијание во нашето работење. Од 2004 година постапно се стабилизираше пазарот, континуирано се намалуваше сивата трговија, така што од 2005 година, па наваму имаме континуиран умерен пораст на продажбата на нашите производи на македонскиот пазар.
Да, затоа што акцизата во значителна мера учествува во структурата на продажните цени на алкохолните пијалаци, особено кај производите со пониски набавни цени. Веќе ги зголемивме нашите продажни цени во просек по 20 денари по литар или, изразено во проценти, од 3,5 до 6,7 по литар.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.