Анализи

ГфК: „Мојата“ продавница има најповолни цени

19 Dec 2013

Во претходниот текст дадовме приказ на македонскиот купувач врз база на истражувањето GfK Shopping Monitor®. Во овој број понатаму ќе го опишеме однесувањето на македонскиот купувач во поглед на купување храна и други производи за широка потрошувачка (FMCG).

Автор: Боге Божиновски, директор за продажба, boge.bozinovski@gfk.com
 
Се раководиме од цените...
  • 23% од купувачите се раководат од цените при правење избор во продавницата.
  • Ценовните аспекти се главни предизвикувачи за 38% од купувачите (ниво на цените, сооднос цена-квалитет, распродажба итн.).
  • Ценовното ниво е една од трите најважни карактеристики на продажното место.

Исклучително низок интерес за новитетите

  • 4% се први купувачи на нови производи.
  • 23% ги разгледуваат полиците во потрага по нови производи.
Добра и постојана организација
  • 46% се збунуваат со промените во организацијата на продажното место.
  • 19% се обидуваат да потрошат колку што е можно помалку време во купување.
  • Едноставната организација е важна за 86% од купувачите.

Само потребното...

  • 50% го купуваат само потребното.
  • Околу 21% речиси никогаш не прават спонтано купување.
А, сепак, имаме плус работи во кошницата!
  • 50% често купуваат повеќе од планираното и потребното, а 10% често купуваат работи што не ги користат потоа. 
  • 42% спонтано купуваат на неделна основа. 

„Мојата" продавница сè уште игра улога...

  • 38% најголемиот дел од купувањето го извршуваат во една продавница, а 39% тоа го прават во 2-3 избрани продавници.
  • 70% се долгогодишни купувачи во нивната главна продавница (1 продавница).
  • 70% имаат намера да продолжат да купуваат во нивната главна продавница. 
Од цените се раководат 23% од купувачите. Дополнително, разните ценовни аспекти на понудата на производи (како цена, соодносот на квалитетот и цената, промотивните активности) претставуваат поттикнувачи за купување на одреден производ дури кај 38% од купувачите. Од друга страна, само 4% од купувачите изјавиле дека се меѓу првите купувачи на нов производ што ќе се појави на пазарот, иако речиси четвртина (23%) изјавиле дека сакаат да проверат што има ново на полиците во продажното место. Речиси половината од купувачите (46%) се збунети од промените во организацијата на продажните места и најголем процент (86%) сакаат едноставна организација на продажното место.
 
Половината од купувачите купуваат продукти повеќе од планираното и потребното, додека 10% од нив купуваат и продукти што не ги користат потоа. „Мојата" продавница игра важна улога за македонскиот купувач. Дури 70% од купувачите се долгогодишни купувачи во нивната главна продавница.
 
Избор на продавница
 
Главни причини при избор на главното продажно место се поволните цени, близината до домот или работното место, како и асортиманот и големиот избор на производи што се нудат на продажното место.
 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...