Германскиот дисконтер „Пени“ го модернизира својот сегмент на мали, урбани дисконт продавници. Овие промени се ориентирани кон к – продавниците ( convience store), со што се избегнува директната конфротација со лидерите меѓу дисконтерите „Лидл“ и „Алди“. За секторот на к – продавниците, „Пени“ ја користи стручноста на својата матична компанија, „Реве груп.“
„Пени“ во Германија ја зајакнува својата позиција во урбаните средини. Според „Лебенсмител цајтунг“, дискотерот, банер на „Реве груп“, планира да реконструира 800 од своите над 2.100 продавници до 2028 година, фокусирајќи се на локации помали од 700 квадратни метри,. Подобрениот концепт на мини-маркет го решава предизвикот за претставување на целиот асортиман на дисконтни производи во ограничен простор. Повеќе свежи производи и посилно фокусирање на практичноста имаат за цел да го разликуваат трговецот на мало од ривалските дисконтери,„Лидл“ и „Алди“, кои претежно работат со продавници поголеми од 1.000 квадратни метри и се стремат кон комерцијална стандардизација. За да може да се фокусира на клучните асортиман, покрај сегментот за погодности, дисконтерот ќе го намали просторот посветен на промотивни и сезонски артикли во споредба со поголемите продавници.
Концептот „Маркет хол“, воведен на германскиот пазар во 2021 година, ја дели продажната област во категории засновани на секции, како што се појадок, готвење или слатки. Организиран во ниши во форма на „U“ кои се разгрануваат од главната патека, им овозможува на купувачите да заштедат време додека купуваат.
Асортиманот на „Пени“ е особено прилагоден за малите урбани продавници, позиционирајќи го како дисконтер кој е најмногу насочен кон практичност на пазарот. Стандардниот концепт на продавница вклучува повеќе од 130 к-производи прикажани во двата ѕидни фрижидери „Пени Реди“. Еден се наоѓа веднаш до делот за овошје и зеленчук на влезот од продавницата и нуди готови оброци како сендвичи, подготвени салати, разладени сокови и разладени кафе пијалоци. Другиот, кој се наоѓа веднаш до одделот за месо, нуди оброци подготвени за загревање и готвење. Дополнително, „Пени“ нуди неколку десетици порции со парчиња од сувомеснати производи и исечено сирење во специјален фрижидер „Фреш пек“, кои се спакувани во вакуум во повеќе слоеви за да останат подолго свежи. Групацијата „Реве“ е најнапредната меѓу водечките трговци на мало во Германија кога станува збор за сегментот за погодности. Купувањето на „Лекерланд“, дистрибутивна компанија специјализирана за снабдување на продавници, бензински пумпи и други мали продажни објекти, ја донесе компанијата на водечка позиција во 2019 година. Овој стратешки потег е исто така насочен кон зголемување на продуктивноста на продавниците, особено со оглед на повисоките цени за изнајмување во централните градски области. Според проценките на авторите, „Пени“ во 2023 година остварила нето приход по продавница во Германија од 4,5 милиони евра, што е значително помалку од конкурентите „Алди норд“ со 6,5 милиони евра, „Алди суд“ со 8,5 милиони евра и „Лидл“ со 9,0 милиони евра.
Себастијан Ренак е основач на „Алетос ритеил адвајсори“, меѓународен аналитичар и поранешен меѓународен дописник на Lebensmittel Zeitung (LZ), водечки економски неделник за FMCG–секторот. Има големо практично искуство во индустријата како поранешен член на оперативните тимови на „Шварц груп“ и „Метро груп“ во Полска, Украина и Русија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.