Анализи

Словачка: „Кауфланд“ со поддршка за домашните производители

16 Oct 2024

„Кауфланд“ ги поддржува домашните словачки производители. Извештаите од индустријата покажуваат генерален пад на уделот на националните производи на полиците на големите малопродажни синџири. Законодавцните повеќе пати дебатираат за обврзувачки квоти за храната од домашно производство.

Автор: Себастијан Ренак, меѓународен ритејл аналитичар

„Кауфланд“ сѐ повеќе ја истакнува својата соработка со домашните производители во Словачка.  Како што вели, Рихард Бендик, кој што е директор за набавка и маркетинг во компанијата во Словачка, соработката со словачките добавувачи игра клучна улога во деловната стратегија на компанијата.

„Кауфланд“ го поткрепува ова тврдење со резултатите од неодамнешната студија на „Гфк Југов“, според која овој малопродажен синџир осма година по ред има најголем удел на словачки производи меѓу сите трговски синџири во земјата. Наспроти општиот тренд во индустријата, „Кауфланд“ посочува дека го зголемил уделот на домашните производи на своите полици за два процентни поени. Истражувањето беше спроведено низ целата земја во 360 продавници на различни трговски синџири во 32 категории во јули 2024 година.

„Кауфланд“ ги нагласува локалните производи и во комуникацијата со купувачите. Под слоганот „Локални производи од прва рака - од производител до трпеза“, тековниот неделен леток вклучува две страници посветени асортиманот набавен во регионот. Во 2018 година, овој малопродажен синџир лансираше домашна приватна етикета под името Z lásky k tradicionii (За љубовта кон традицијата), која според информациите на веб-страницата на трговската компанија во моментов вклучува повеќе од 60 производи.

 Поддршката за домашните производители е клучно политичко прашање во Словачка. Пазарна студија спроведена од страна на Словачката стопанска комора за храна (ПКС), исто така ова лето, донесува различни заклучоци: Според истражувањето на „Го4инсајт, просечниот национален удел на словачката храна на полиците во 2024 година е намален за 0,6 процентни поени на 41 . 2% во однос на 2023 година, што е втор последователен пад. Според здружението од оваа индустрија, домашните малопродажни синџири се водечки кога станува збор за словачкиот асортиман, при што „Кооп“има 55% удел, малопродажниот синџир „Фреш“51%, а „ЦБА“ 46%. Следат меѓународните трговски синџири „Кауфланд“ и „Теско“ со 42%, додека супермаркетите „Била“ и дисконтерот „Лидл “имаат 41% односно 29%.

 Политичарите постојано бараа начини да влијаат на странските трговски синџири за да имаат повеќе словачки производи на полиците. Оваа пролет, словачкиот министер за земјоделство Ричард Такач ги објави плановите да бараат од трговските синџири да имаат одреден минимален удел од словачката храна на своите полици.

 Обидите за воведување квоти за домашните производители на храна не се новина во Централна Европа. Во 2021 година, чешкиот парламент усвои амандман на Законот за храна, според кој трговците на мало со продажна површина од повеќе од 400 квадратни метри мора да имаат најмалку 55% ​​домашни брендови на полиците. Помеѓу 2017 и 2020 година, големите трговски синџири во Романија мораа да понудат најмалку 51% свежи производи од национални, регионални или локални добавувачи. И двете од овие мерки беа укинати од надлежните национални законодавци по интервенција на Европската комисија.

Себастијан Ренак е основач на „Алетос ритеил адвајсори“, меѓународен аналитичар и поранешен меѓународен дописник на Lebensmittel Zeitung (LZ), водечки економски неделник за FMCG–секторот.  Има големо практично искуство во индустријата како поранешен член на оперативните тимови на „Шварц груп“ и „Метро груп“ во Полска, Украина и Русија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...