Анализи

Германија: „Кауфланд“ ја засилува позицијата на пазарот

27 Sep 2024

„Кауфланд“ во Германија ја проширува својата водечка улога во каналот за хипермаркети со аквизиција на пет хипермаркети „Глобус.“ И покрај водечката позиција во овој малопродажен канал, трговскиот синџир е под притисок. Ценовните војни меѓу дисконтерите и супермаркетите прават притисок врз сите учесници на пазарот.  

Автор: Себастиан Ренак, меѓународен ритејл аналитичар

„Кауфланд“ ја зајакнува својата позиција на германскиот пазар. Конкурентот во секторот на хипермаркети,„ Глобус“, објави дека постигнал договор за продажба на пет хипермаркети „Глобус“ низ Германија на „Кауфланд“. Договорот сè уште треба да биде одобрен од Федералната картелска канцеларија и  од сопствениците на овие локации. Оваа одлука „Глобус“ ја оправдува со „недостигот на економска ефикасност“ на тие продавници.

Минатата година „Кауфланд“ го зголеми нето прометот во Германија за околу 6,6% на 21 милијарда евра. На крајот на годината, портфолиото на продавници опфаќаше повеќе од 770 локации, вклучително и 100 „Реал“ хипермаркети, купени во процесот на продажба од „Метро АГ“. До следната година во малопродажната мрежа би можеле да се најдат дополнителни 20 продавници на „Реал.“

 И покрај својата доминација во дистрибутивниот канал, „Кауфланд“ мора да најде начини за профитабилен раст на домашниот пазар, кој се карактеризира со ценовни војни меѓу дисконтерите и големите супермаркети. Од почетокот на следната година, „Кауфланд“ ќе се приклучи на алијансата за купување на „Агекор“. Сегашните членови се „Колрујт“ (Белгија), „Кооп“ (Швајцарија), „Конад“ (Италија) и „Ероски“ (Шпанија). Овој потег е смислен за да ја зголеми ефикасноста на малопродажниот синџир во работењето со меѓународните брендови.

Концентрацијата во германскиот сектор за малопродажба на храна е висока. Според „Нику Традедименжнс“, четворицата најголеми трговци на храна во Германија – „Едека груп“, „Реве груп“, „Шварц груп“ (сосватен од „Кауфланд“ и „Лидл“) и двата „Алди“, заедно остварија 76% од продажбата на FMCG во 2023 година. Уделот на „Кауфланд“ во тоа е помал од девет процентни поени.

„Глобус“ е неколку пати помал од неговиот конкурент од групацијата „Шварц“. Минатата година (крајот на јуни 2023 година), „Глобус“ оствари проценет нето промет од 6,5 милијарди евра, што претставува зголемување од 10,6%, делумно поради купувањето на 16 поранешни хипермаркети на „Реал“. Со мрежа од 65 големи хипермаркети, „Глобус“ минатата година беше на осмото место во германскиот FMCG сектор. Со просечна продажна површина од повеќе од 10.000 м², „Глобус“ го чувствува притисокот од зголемените трошоци, особено за енергијата и вработените, повеќе од „Кауфланд“, чии продавници се претежно помеѓу 4.000 и 5.000 квадратни метри.

Новите отварања на објекти во каналот на хипермаркети се карактеризираат со значително помали продавници од порано. Истражувањето на пазарот покажува дека бројот на супермаркети со продажна површина помеѓу 2.500 и 5.000 м²   се зголеми за 140 во Германија од 2021 година. Во исто време, бројот на хипермаркети со површина од повеќе од 5.000 м² е намален за 75.

Фото: Себастиан Ренак



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...